19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ Intel упати сериозни обвиненија против Qualcomm

И Intel упати сериозни обвиненија против Qualcomm

Американскиот производител на чипови „Qualcomm“ очигледно си заработил сериозни непријатели со своите деловни практики. Сега на инсистирање на Комисијата за меѓународна трговија (ITC) во САД и „Intel“ упатува тешки обвиненија против компанијата.

Претходно и „Apple“ поднесе тужба против „Qualcomm,“ обвинувајќи ја компанијата дека морале платат премногу високи давачки за чипови и ги повика поддоставувачите да не плаќаат, додека не биде решен спорот.

Тврдењата на „Intel“ се тешки. Така на пример, во рамките на договорот за лиценца меѓу „Apple“ и „Qualcomm“ е договорено дека „Apple“ ќе добива чипови поевтино ако во замена не купува модели од „Intel“. Во прилогот се вели дека „Qualcomm“ интерферира со претерани тужби на фирмите во индустријата и така се спречува развојот на слободна конкуренција.

Оние кои не си плаќале лиценци, добивале закани од „Qualcomm“ дека во иднина нема да бидат снабдувани со никакви чипови. Така „Apple“ била принудена да испорачува исклучително и само од овој провајдер, а „Intel“ била изолирана. Во замена компанијата од Купертино добила сериозни отстапки.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП