25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNBC News ќе пушта вести во Snapchat

NBC News ќе пушта вести во Snapchat

Американската медиумска компанија „NBC News“, која е дел од „Comcast“, ќе пушта сопствена новинска емисија два пати дневно на мобилната апликација „Snapchat“, објави компанијата, цитирана од „Ројтерс“.

Медиумскиот конгломерат „NBC Universal“, кој припаѓа на „Comcast“, ќе инвестира износ од 500 милиони долари во компанијата која го разви „Snapchat“ – „Snap“, при нејзината примарна јавна понуда, бидејќи сака да ја зголеми својата дигитална понуда.

Компании како „NBC News“ се соочуваат се повеќе сериозно со проблемот со стареењето на публиката. Просечната возраст на луѓето кои ги гледаат вечерните вести на телевизија, е 64 години, покажува агенцијата за студии „Nielsen“. Тоа пак е доста над посакуваната од страна на огласувачите публика на возраст меѓу 18 и 34 години.

Во јуни оваа година „NBC News“ пушти дигитален видео сервис кој нуди кратки документарни филмови. Со овој потег таа се обидува да ги привлече корисниците на социјалните мрежи.

Новата емисија во „Snapchat“ ќе се занимава со проблемите на денот. Таа ќе се емитува во 7 часот наутро и во 16 часот попладне. Ќе биде емитирана и под посебни вонредни настани.

Сето ова се случува во услови на зголемениот скептицизам кај инвеститорите за тоа дали „Snap“ има можност да расте и да се натпреварува со „Facebook“ и нејзиниот сервис за споделување фотографии „Instagram“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП