16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводството на француско вино може да опадне до рекордно ниско ниво

Производството на француско вино може да опадне до рекордно ниско ниво

Француското производство на вино може да се намали за 17% во оваа година до рекордно ниско ниво, откако во текот на пролетта мраз нанесе штета на лозјата особено во реонот на Бордо, кој може да изгуби половина од жетвата.

Ова го соопшти Министерството за земјоделство, цитирано од „Ројтерс“.

Во првата оценка за овогодинешното производство Министерството наведува дека очекува жетвата во Франција, која е втора по големина производител на вино во светот, да биде меѓу 37 и 38,2 милиони хектолитри наспроти 45,5 милиони во 2016-та година, соопштија светските агенции.

Средноаритметичката вредност – 37,6 милиони хектолитри би била за 17% помалку од минатогодишната количина и со 16% под просекот на производство. Тоа би било историски минимум и помалку од реколтата во 1991-ва година, кога мраз повторно нанесе сериозни штети.

Падот на производството се должи пред се на жестоката слана во пролет, се наведува во документ на министерството.

Винарите користеа греалки и други средства во обид да ја спасат жетвата во април, кога удри студениот бран.

Минатата година поради лошото време производството на вино во Франција исто така, опадна. Меѓу најзасегнатите беше регионот Шампањ, каде жетвата се намали за повеќе од 20% во однос на претходната година, бидејќи пролетната слана беше проследена со други проблеми. Се очекува оваа година жетвата во Шампањ да се опорави малку, да забележи пораст од 8%, но сепак ќе биде со 9% под просекот за периодот 2012-2016 година.

Бордо може да загуби половина од своето производство во однос на минатата година и да забележи пад од 40% во однос на просекот за 2012-2016 година.

Прогнозата е прелиминарна и не го зема во предвид времето до жетвата, што во Франција е од август до октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП