19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBank of America го избра Даблин за централа во Европа по Brexit

Bank of America го избра Даблин за централа во Европа по Brexit

„Bank of America“ стана првата банка од „Wall Street“, која го избра Даблин за нова централа на европските активности во позадина на подготовката на Велика Британија да ја напушти ЕУ, пренесе „Ројтерс“.

Меѓународните банки планираат да создадат поделби во Европската унија, за да се осигураат дека ќе може да продолжат да им служат на европските клиенти и по „Brexit“.

Засега фаворити за нови домови за европските централи се Франкфурт и Даблин.

„Bank of America“ работи во Ирска и учествува во локалната заедница речиси 50 години, посочи нејзиниот шеф Брајан Монихан.

Банката не посочи колку работни места ќе бидат префрлени или создадени во ирската престолнина, каде во моментов има 700 вработени и целосно лиценцирана поделба. Некои, сепак, ќе бидат префрлени и на други места во ЕУ, додаде институцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП