20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАSpiegel: Германски производители на автомобили со децении дејствувале во картел

Spiegel: Германски производители на автомобили со децении дејствувале во картел

Пет германски автомобилски компании од 90-тите години на минатиот век ги усогласиле активностите спрема технологијата, цените, добавувачите и дури за монтирањето на механизми за прочистување на издувните гасови кај дизел моделите, соопшти електронското издание на магазинот „Der Spiegel“.

Според податоците на весникот во зговорот учествувале „Volkswagen“, „Audi“, „Porsche“, „BMW“ и „Daimler“.

За целиот период беа спроведени околу 60 работилници во кои учествувале над 200 вработени на концерните. Целта на производителите била да се минимизира конкуренција меѓу себе.

„Der Spiegel“ се повикува на документ кој „Volkswagen“ го поднел пред антимонополните власти. Во него се наведува дека има сомневање за дела што го кршат антимонополното законодавство.

„Daimler“ и „BMW“ ги определија информациите на весникот како шпекулации.

Случајот може да биде најголемото картелно дело во историјата на Германија, забележува „Der Spiegel“. Според изданието надлежните органи ги откриле првите знаци на слога уште во летото минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП