19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе треба да се извинувате на работа поради овие работи

Не треба да се извинувате на работа поради овие работи

Да се извините бидејќи на некого на работа сте му го заборавиле роденденот е сосема ок, но има и причини поради кои не треба да се извинувате. Ви откриваме кои се тие:

Кога ќе завршите добра работа, или ќе освоите прво место во некој натпревар. Со други зборови, никогаш не треба да се извинувате за својот успех. Вие не сте виновни доколку некој ваш колега потфрлил во работата, а вие сте го надминале.

За туѓите постапки. Секој е одговорен за своето однесување.

За својот изглед. Зошто во секој момент мора да имате совршена фризура, облека? Понекогаш толку многу работи се испречуваат пред изгледот, од детето, обврските, до непреспиените ноќи поради грижите кои ве мачат.

Кога не се согласувате со нечие мислење. Истакнувањето на својот став и начинот на размислување, идеалите и вредностите на пристоен и ненавредлив начин не е погрешно.

Поради вашите приоритети. Ако на вас нешто ви е многу важно, тоа значи дека тоа за вас е приоритетно. Без оглед на тоа што на другите не им е, и без оглед дали го разбираат вашиот избор.

Ако не го знаете одговорот. Човек учи додека е жив и никој не е толку паметен да ги знае одговорите на сите прашања. Да се признае дека нешто не се знае е силно и храбро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП