25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVodafone оствари добри резултати благодарение на пазарите во Шпанија и Италија

Vodafone оствари добри резултати благодарение на пазарите во Шпанија и Италија

Британската телекомуникациска компанија „Vodafone“ забележа добри перформанси за првото фискално тромесечје.

Приходите на „Vodafone“ од услуги се зголеми за 2,2% во текот на овој период до 11,5 милијарди фунти (12,9 милијарди долари). Компанијата забележа раст на сите операции, освен на оние во Индија и Велика Британија.

Приходите на операторот, кои ги вклучуваат девизните флуктуации и приспособувањата направени во врска со промените во структурата на „Vodafone“, како што е одделувањето на операциите во Холандија, се намалија за 3,3%.

Компанијата се претставила добро на пазарите во Шпанија, Италија и Турција, каде што приходите се зголемиле за 13,9%.

Бизнисот во Индија, каде телекомот се спои со конкурентот „Idea“, забележа 13,9% пад во приходите, додека оние во Велика Британија имаат 2,7% намалување – побавно темпо во однос на четвртиот квартал.

„Генерално ова претставување ни дава доверба во зацврстување на нашата перспектива за годината“, коментира извршниот директор на „Vodafone“, Виторио Калао.

Аналитичарот на „Bernstein“, Дананја Мирчандани изјави дека презентацијата е добро. Според него поттик од растот на приходите е ветувачки, со исклучок на влијанието на валутите.

Во резултат од вестите акциите на компанијата ја зголемија вредноста и достигнаа шестседмичен врв од 231 пени.

„Vodafone“ очекува нејзиниот готовински поток да се зголеми оваа година, што ќе и ‘овозможи да ја зголеми дивидендата, додека се намалуваат инвестициите во мрежата, ја подобрува ефикасноста и се натпреварува посериозно во Индија, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата инвестира милијарди во своите мрежи, за да одговори на зголемената побарувачка на мобилни податоци. Калао изјави дека растот на сообраќајот на податоци преку кварталот е еквивалентен на вкупниот сообраќај на податоци пред две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП