24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Земјите со најсилно влијание на „меката сила“

График на денот: Земјите со најсилно влијание на „меката сила“

Американскиот политиколог Џозеф Ни за првпат го воведува терминот „мека сила“ во 1990-та година. Тој ја опишува способноста за привлекување и убедување на другите, наместо да ги принудуваш. За земјите тоа е начин да го шират своето влијание вешто, без да користат армии, санкции и други принудни техники, коментира „The Economist“.

По карактер „меката сила“ се мери многу потешко од големината и ефективноста на армиите. Во обид да го врзе концептот со реални бројки, „Portland“ компанија базирана во Лондон, и Центарот за јавна дипломатија „University of Southern California“ создале индекс на „меката сила“, кој беше обновен оваа недела.

Тој се состои од два дела: 30% се базира на анкетата на податоци за угледот на земјите во странство, а остатокот се потпира на конкретни статистики за променливи, како дипломатски мисии во странство, државните буџети за надворешна помош, членство во мултилатерални организации и друго.

Промените во листата од 30 земји, која се прави веќе три години, очигледно покажуваат дека наводната отвореност на земјата е поврзана со нејзиното влијание во странство.

Франција е одличен пример за тоа. Во 2016-та година таа е на петтото место, додека оваа година таа ја зазема првата позиција во рангирањето. Тоа издигнување очигледно се должи на победата на Емануел Макрон на изборите за претседател во мај и на успехот на неговата партија „Република напред“ на парламентарни избори во јуни.

Неговите проевропски и пробизнис политики ја поддржаа позицијата на земјата на меѓународно ниво.

За разлика од неа префокусирането на Велика Британија и САД кон политики насочени навнатре, им зеде од „меките сили“. И за двете земји пониските позиции во рангирањето се должат на ударот на меѓународната репутација, мерена од анкети вклучени во индексот. Програмата на Доналд Трамп – „Америка на прво место“, макар и во рана фаза, ги исплаши сојузниците и ги ослаби односите со остатокот од светот. Од прво место САД веќе се на трето во рангирањето.

Велика Британија падна од лидерската позиција во 2015-та година до второ место во минатата година, што најверојатно е резултат на одлуката на земјата да излезе од Европската унија. Поради тоа Велика Британија најверојатно дури требаше да ја земе бронзата за оваа година, ако САД не се претстави дури полошо.

Една земја сепак оствари опиплива промена во „меката сила“ без драматични промени во нејзината политика. Во 2015-та година, Кина е на последно место меѓу 30-те земји во индексот, но оваа година веќе е на 25-та позиција. Растот се должи на малите подобрувања во голем број категории, на пример културната моќ и дипломатските односи со други земји.

И тоа не е случајно: пред деценија Комунистичката партија официјално го направи развојот на „меката сила“ за приоритет. Владата сега троши околу 10 милијарди долари годишно за оваа цел, покажува Дејвид Шамба од „George Washington University“. Оваа сума е повисока од трошоците на Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија и САД заедно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП