„Finnair“ сака да ги зајакне летовите до Азија, кои се околу половина од целиот нејзин капацитет и цели да превезува до 20 милиони патници годишно во 2030-та година. Ова го изјави директорот на авиокомпанијата Пека Ваурамо во интервју за „Bloomberg“.
Во компанијата очекуваат удвојување на оперативната добивка за 2017-та година, откако превезе рекорден број патници во вториот квартал, со што ја зголеми оперативната добивка до 43,15 милиони долари и ја подобри прогнозата, благодарение на Азија и Европа.
Акциите на авиокомпанијата се зголемија за 5,5% до 9-годишен врв.
„Многу од патниците прават трансфер во Хелсинки. Гледаме силен раст на азиските патници кои или доаѓаат во Азија, или патуваат за Европа. И истовремено зголемување на Европејците кои патуваат до Финска и за Азија“, рече Ваурамо.