19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобрите резултати за вториот квартал ја поддржаа годишната прогноза на SAP

Добрите резултати за вториот квартал ја поддржаа годишната прогноза на SAP

Германската софтверска компанија „SAP“ најави програма за откуп на акции и ја зголеми годишната прогноза, благодарение на растот во второто фискално тримесечје.

„SAP“ предвидува заеднички приходи за годината во опсег од 23,3 милијарди евра до 23,7 милијарди евра во споредба со 22,1 милијарди долари за минатата година. Нејзините очекувања за приходите од претплати за облачните услуги и одржување остануваат во опсег од 3,8 милијарди до 4 милијарди долари при постојани девизни курсеви, што претставува годишен раст од 34%.

„SAP“ забележа дека вкупните приходи за кварталот, кој заврши на крајот на јуни, скокнаа за 10 отсто во однос на претходната година до 5,78 милијарди долари, а оценките беа за 5,68 милијарди долари. Приходите од претплати за облачните услуги и софтвер се зголемиле за 29% до 932 милиони долари, но остануваат под оценката за 961 милиони долари.

Главниот извршен директор на „SAP“, Бил Макдермот прогнозира „зачувување на инерцијата во втората половина“ на годината.

Веќе неколку години „SAP“ го менува фокусот и нуди облачни решенија базирани на претплата. Сето ова доведе до намалување на нејзините краткорочни маржи, но „SAP“ тврди дека сето ова ќе доведе до повеќе предвидливи приходи и долгорочен успех.

Добивката за кварталот по даноците е намален за 18 отсто во однос на претходната година до 666 милиони долари.

„SAP“ изјави дека незјиниот главен бизнис со софтверот „S / 4 HANA“ додаде 500 купувачи во вториот квартал, вклучувајќи ги „Google“, „Centrica“ и „Mercadona“. Со тоа вкупниот број на клиенти достигна 6.300, или за 70% повеќе на годишна основа.

Програмата за откуп на акции, објавена за 2017-та година, ќе започне наскоро и ќе се реализира на неколку рати, објави уште компанијата.

Акциите на „SAP“ ја зголемија цената со близу 11% од почетокот на годината и со речиси 29% во последните 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП