24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБартомеу: Нејмар не е на продажба!

Бартомеу: Нејмар не е на продажба!

Претседателот на фудбалскиот клуб Барселона, Џозеп Марија Бартомеу, изјавил дека клубот нема намера да го продаде крилниот напаѓач Нејмар.

„Тој не е на пазарот“, изјавил Бартомеу за Асошиејтед прес.

Европските медиуми изминатите денови шпекулираа дека ПСЖ е подготвен да ја активира откупната клаузула во договорот на Нејмар, која изнесува 222 милиони евра, и дека Бразилецот се согласил да се пресели во Париз.

Нејмар минатиот октомври го продолжи договорот со Барселона до јуни 2021 година. Тој пристигна во Барселона во 2013 година од Сантос.

„Неговиот договор истекува за четири години и секако дека сериозно сметаме на неговите услуги. Тој е дел од нашиот тим“, рекол Бартомеу.

Инаку, откупната клаузула во договорот на Нејмар расте од година во година. Во првата година таа изнесуваше 200 милиони евра, во втората 220, а наредната година ќе изнесува 250 милиони евра.

Бартомеу рекол дека овие клаузули е невозможно да бидат активирани доколу се почитуваат правилата на финансискиот ферплеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП