24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПоради овие причини вреди да дадете отказ

Поради овие причини вреди да дадете отказ

Во денешно време тешко се доаѓа до работа, па така оние кои имаат работа не се откажуваат од неа се додека не најдат нешто подобро.

Меѓутоа, во некои ситуации е навистина потребно да дадете отказ, а ние ви претставуваме кои се тие ситуации. Ако се пронајдете во некоја од нив можеби е вистинското време да ја напуштите работата.

1. Озборувањата треба да ги избегнувате, меѓутоа доколку поради нив сте се нашле во комплицирана ситуација на работното место, каде поради тоа ве бие лош глас и е нарушена вашата репутација и сето тоа влијае на вашиот приватен живот, па дури и на вашето здравје, можеби треба да ја напуштите работата.

2. Било кој психички или физички да ве малтретира на работното место, треба да ви биде јасно дека тој нема право на тоа. Доколку не можете да излезете на крај со таа ситуација и се чувствувате загрозени, дадете отказ, бидејќи тие проблеми можат да се одразат во другите сегменти од вашиот живот.

3. Кога доаѓате на разговорот за работа главно се согласувате со се, па дури и со малата плата. Потоа ви се случува да се чувствувате искористено. Веќе на првиот состанок прашајте ако нешто не ви е јаснои кажете со што не се согласувате.

4. Никогаш немојте да потпишете договот доколку претходно не сте го прочитале добро и не сте си разјасниле се што не ви било јасно во договорот. Внимавајте на обврзувачките договори и ако сметате дека на некој начин сте оштетени, напуштете ја работата.

5. Морате веднаш да го договорите работното време или платата. Знаеме дека ќе се согласите со било каква плата, но сепак запрашајте се дали тие пари вредат за вашиот труд и здравје. Внимавајте и на работните часови, ако во таа компанија никогаш нема да имате слободно време, секој ден се останува плус неколку часа на работа, прашајте се сериозно дали тоа можете да го издржите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП