29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЌе има ли BMW M3 CS?

Ќе има ли BMW M3 CS?

При промоцијата на „BMW M4 CS“ претходно во оваа година, од баварската компанија ветија дека ќе има уште „М“-модели кои ќе ја добијат ознаката „CS“. И според германскиот сајт „BimmerToday“ наскоро ќе се појави „M3 CS“, како и очекуваниот „M2 CS“.

Но најверојатно кај „M3“ ознаката „CS“ ќе биде заштеда, макар и колата да одговара на спецификите на модификација. Причината за тоа е тривијална – „CS“ е кратенка на „Coupe Sport“. Тоа е одличен додаток за „М2“ и „М4“, но се разминува со пропорциите на седанот „М3“.

Природно, во „BMW“ може и да го игнорираат оригиналното значење на „CS“ што денес е како знак на почит кон кабината „Е9“ со „предница како нос на ајкула“, а се произведуваше од 1968-ма до 1975-та година, така што може и да има „M3 CS“, но во случајот само ќе станува збор за моќна и брза верзија на возбудливиот модел.

Според „BimmerToday“, идниот „M3 CS“ ќе добие 3,0-литарски 6-цилиндричен мотор со моќност од 454 КС од „M4 CS“, а со тоа ќе стане најбрзиот сериски „M3“ во историјата на брендот. Според извори на сајтот, „M3 CS“ ќе може да мине круг на Нирбургринг за помалку од 7,40 минути.

И природно, автомобилот ќе го добие речиси истиот аеродинамичен пакет како „М4 CS“, вклучувајќи и капакот на багажникот од фиберкарбон.

Се претпоставува дека „M3 CS“ ќе дебитира во пролетта следната година, за да е последната варијанта на актуелната генерација на „М3“ што оди кон крајот на својот животен циклус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП