19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААД ЕЛЕМ: Немаме скриени и заостанати долгови кон стопанството

АД ЕЛЕМ: Немаме скриени и заостанати долгови кон стопанството

“АД ЕЛЕМ нема скриени, ниту заостанати долгови  кон стопанството, односно кон економските субјекти со кои има воспоставено деловни односи”, реагира компанијата во врска со податоците за финансиските обврски на државните субјекти кон стопанството презентирани на вчерашната прес-конференција на Министерството за финансии.

„Акционерското друштво во државна сопственост  ги испрати бараните податоци до Министерството за финансии со пресек заклучно со 31 мај и би сакале да појасниме дека станува збор за тековни обврски чии рокови за плаќање на тој датум сè уште не биле доспеани, односно не е пробиена валутата за плаќање.   Во информацијата испратена до Министерството јасно е наведено  дека станува збор за тековни, а не заостанати обврски затоа што компанијата  нема доспеани, а неподмирени обврски кон стопанските субјекти.  Наведените податоци кои стојат во презентацијата се тековни обврски и се во целост подмирени во текот на изминатиот период“, соопшти АД ЕЛЕМ.

Од таму велат дека компанијата е во одлична кондиција и сите обврски кон државата, стопанството и вработените редовно се сервисираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП