25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКазна од два милиона долари за „Ексон мобил“

Казна од два милиона долари за „Ексон мобил“

Министерството за финансии на САД одлучи да ја казни мултинационална компанија за нафта и гас „Ексон мобил“ со два милиона.

„Ексон мобил“ е казнета бидејќи не ги почитуваше санкциите на Соединетите Американски Држави против Русија во врска со кризата во Украина во време кога компанијата ја предводеше сегашниот шеф на американската дипломатија Рекс Тилерсон. Компанијата беше критикувана за прекршување на санкциите во мај 2014 година.

Нејзини две филијали тогаш потпишаа договори со претставници на руската компанија, иако беше на црната листа на САД. Компанијата има договор за експлоатација на нафта и гас во Русија склучен со претседателот на рускиот гигант за нафта и гас, „Роснефт“ на Игор Сечин. Средства на Сечин два месеца претходно беа блокирани во рамките на санкциите против Русија, а во врска со кризата во Украина. На американските компании тогаш им беше забрането да работат со Сечин, иако самата „Роснефт“ не беше на црната листа.
„Ексон мобил“, додека ја раководеше Тилерсон, тврдеше дека се придржува до упатствата на Белата куќа и на Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП