24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Шкендија се пласира во следното коло, елиминација на Работнички

ЛЕ: Шкендија се пласира во следното коло, елиминација на Работнички

Шкендија ќе игра во третото квалификациско коло во Лига Европа, откако во двомечот успеа без пораз да го мине Хелсинки.

Пред една недела Шкендија славеше над финскиот тим со 3:1, а во реваншот во Финска одигра 1:1.

Финците дојдоа до предност во 28.минута со авто-голот на Радески, додека Шкендија израмни во 71.минута преку Целиковиќ.

Работнички не успеа да го мине второто квалификациско коло во Лига Европа, откако загуби во Минск од Динамо со 3:0. Белорускиот шампион со вкупен резултат 4:1 се пласира во наредното коло.

Динамо првиот гол го постигна во 21.минута преку Нојок. Три минути пртходно Трајчевски не успеа да реализира чиста шанса за Работнички.

Во второто полувреме Белорусите постигнаа уште два гола преку Галовиќ во 70. и Сарока во 84. минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП