17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзменет режим на сообраќајот на патниот правец Неготино-Демир Капија

Изменет режим на сообраќајот на патниот правец Неготино-Демир Капија

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

Виадукт Трејд на 17.07.2017 известува дека Во наредните шест месеци ќе се изведуваат градежни активности на реконструкција на десната страна на коловозот, од Граничен премин “Богородица” до клучка Гевгелија во должина од 5км, додека во истиот период ќе се изведуваат градежни работи на сообраќајната возна лента на државениот пат А1, делница Велес (Штипска клучка) – Градско и Градско – Велес (Штипска Клучка).

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП