28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda продолжува да ги соборува сопствените рекорди

Skoda продолжува да ги соборува сопствените рекорди

Чешкиот производител „Skoda“ продолжува да ги подобрува резлутатите на светските пазари. За првото полугодие од 2017-та година компанијата продаде 585.000 нови автомобили, што е за 2,8% повеќе од истиот период за 2016-та година. Најдобро достигнување е запишано во јуни – 105.200 единици.

Во Централна Европа брендот ја зголемува продажбата за 2,1% во споредба со мај – до 45.900 примероци, а за првите 6 месеци, растот е 4,1% – 252.300 единици. Најголемиот европски пазар за компанијата е Германија – 17.300 трансакции во јуни (+ 0,7%) и вкупно 88.000 за шесте месеци (+ 1,8%).

Општо земено најмногу автомобили „Skoda“ продава во Кина – 23.500 примероци во јуни (раст од 5,3%). За првите 6 месеци од годината резултатот е 134.000 единици, а во случајот има пад од 8,1% во споредба со истиот период на 2016-та година.

Како модели на прво место за првите 6 месеци е „Octavia“ – 205.300 (-6,5%), следува „Fabia“ – 111.000 (+ 6,1%), „Rapid“ – 103.00 (+ 0,4%), „Superb“ – 75.900 ( + 8,3%), „Yeti“ – 43.000 (-18%), „Kodiaq“ – 27.100 (во 2016-та година овој модел не беше на пазарот) и „Citigo“ – 19.700 (-1,6%).

За јуни повторно лидер е „Ocatvia“ – 35.000 продабжи (-2,6%), следат „Fabia“ – 19.700 (+ 0,7%), „Rapid“ – 17.600 (-0,8%), „Superb“ – 13.000 (+3 , 7%), „Kodiaq“ – 9.900, „Yeti“ – 6.700 (-24,9%) и „Citigo“ – 3.200 (-20,4%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП