25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКопенхаген ќе му гостува на Вардар во Скопје

Копенхаген ќе му гостува на Вардар во Скопје

Македонскиот шампион Вардар дуелот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите против дански Копенхаген ќе го игра на националната арена „Филип Втори“.

Вардар не беше во можност да го игра реваншот против Малме во Скопје поради одлуката на УЕФА на „Филип Втори“ да нема натпревари до 8 август кога ќе се игра Суперкупот помеѓу Реал и Манчестер јунајтед.

УЕФА реши да го смени ставот бидејќи на мечот со Малме беа забележани низа пропусти. Од европската куќа на фудбалот најдоа компромисно решение, па Вардар иако првиот меч требаше да го игра во Данска, ќе биде домаќин на 25 јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП