24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗошто е важно да носите облека по мерка?

Зошто е важно да носите облека по мерка?

Изборот на облека по мерка е едно од основните правила на добриот стил, а стилот на облекување во голема мера влијае на мислењето кое другите луѓе го градат за нас. Првиот впечаток се формира во првите неколку моменти од средбата, а тогаш немате многу време да демонстрирате шарм, хумор, интелигенција… Ако сакате да го покажете најдоброто од себе и да бидете сфатени сериозно од околината, треба да внимавате на вашиот изглед.

Облеката кажува многу и за вашата самодоверба. Луѓето кои не се задоволни од својата фигура често избираат поширока облека која ќе им помогне да се сокријат. Претесната облека исто така укажува на недостаток на самодоверба и обид да се постигне впечаток на поатрактивен изглед.

За да демонстрирате висока самодоверба, а и навистина да се чувствувате така, треба да избирате парчиња по мерка кои ја истакнуваат вашата фигура, но истовремено ви даваат простор да дишете и да ги сокриете малите недостатоци.

Како да изберете облека по мерка?

Експертите за крој по мерка во Bella велат дека најдобар показател е вашата прва мисла кога ќе се погледнете во огледало. Ако таа звучи како „во ред е“ или „не е лошо“, тоа значи дека не е доволно добро, без разлика колку добро изгледала облеката кога сте ја виделе на закачалка или во излогот. Првата мисла треба да биде „Ова е тоа! Ова сум јас“, тогаш знаете дека сте го направиле вистинскиот избор. Ако ова не е доволен показател, разгледајте ја облеката подетално и ќе знаете.

Еве на што треба да внимавате:

Палта, капути, мантили

Прво нешто што треба да проверите при пробување на палто, капут или мантил е чувството кога ќе го закопчате. Треба да биде доволно тесно за да ја истакнува фигурата, но и да ви даде можност да се движите, да возите или да прегрнете некого без тоа да ви создава непријатно затегање.

Следно, забележете дали рабовите паѓаат точно на крајот од вашите раменици, бидејќи тие директно укажуваат дали облеката е по ваша мерка. Кога е должината на ракави во прашање можете да одите по желба, но по правило тие не треба да одат повеќе од 2 сантиметри под  вашите зглобови.

Фустани

Исто како и кај палтата, рабовите во однос на рамениците се очигледен показател дали парчето кое ви се допаѓа е навистина по ваша мерка. Следно што треба да проверите е како паѓа на бедрата, односно дали ја следи линијата на вашето тело. Потоа проверете дали ви прилега стеснувањето во струкот – ова можете да го направите со виткање во половината кон лево и десно. Струкот на фустанот треба да лежи таму каде што се превиткува вашето тело. Ако сè ова е во ред, должината на фустанот, неговите ракави или прерамки можат лесно да се преправат.

 

Панталони

Првото правило што треба да го следите е да оставите 2 прста простор кај струкот за да можете удобно да седите. Потоа, проверете дали се појавуваат набори од предната страна на панталоните, бидејќи тоа е знак дека ви се тесни. Ако има дел од материјалот кој не паѓа право по линијата на вашата фигура, најчесто кога седите, панталоните ви се широки. Ова не важи за џебовите, бидејќи колку и да се добро скроени и по ваша мерка, панталоните ќе покажат нерамнини во тој дел кога ќе седнете. Ако ова ви пречи, отстранете ги џебовите доколку моделот го дозволува тоа. Должината на панталоните лесно се модифицира и не е знак за број по ваша мерка.

Кошули

Основното правило за класичните кошули е дека сите рабови треба да бидат рамни со вашето тело. Најчестиот проблем кај жените се јавува во пределот кај градите, каде што кошулата може да се растегне и да го наруши впечатокот. Ако кошулата е тесна и долга, може да покаже затегнување и во долниот дел доколку ви е тесна. Ако се работи за кошула со долги ракави, тие треба да завршуваат веднаш под зглобот. И секако, рабовите на рамениците ќе ви покажат јасно дали кошулата е по ваша мерка.

„Облеката секогаш се шие по генерални стандарди, но не секогаш соодветствува на различните телесни карактеристики. Секоја жена е посебна и тој факт е во нашиот фокус.“ – велат од Bella. Токму затоа, финалната фаза на нивниот систем за грижа на корисници се вика „крој по мерка за совршен изглед“ и тоа е она по што се издвојуваат. Со услугата крој по мерка за совршен изглед, секоја дама добива можност за прекројување на избраниот модел, без негово деформирање. Доколку е потребно, се земаат мерки и се прават корекции, со цел да се добијат парчиња облека во кои ќе се чувствувате удобно и ќе заблескате со самодоверба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП