25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHonor 9 Premium пристигна во Европа

Honor 9 Premium пристигна во Европа

„Honor 9“ преставува премиум уред сам по себе, но сепак кинеската компанија секако се одлучи да лансира на пазарот негова подобрена верзија, која во Европа ќе чини 455 евра, пренесува „PhoneArena“.

„Honor 9 Premium“ официјално беше претставен во Италија, каде што купувачите ќе можат да го земат преку три провајдери. Уредот во предпродажба е достапен и во Швајцарија, а на пазарот официјално ќе пристигне на 28-ми август.

Телефонот доаѓа со 6GB RAM и 128GB простор за складирање на податоците, кој може да се зголеми.

Со оглед на тоа дека моделите со повеќе RAM обично се продаваат само во Кина, одлуката за „Honor“, чиј сопственик е „Huawei“, беше големо изненадување.

За жал, се уште не се знае кога точно уредот ќе се појави и во останатите европски земји.

Како што претходно се споменување, стандардниот „Honor 9“ доаѓа со 4GB RAM и 64GB простор за складирање на податоците, а е поевтин за 50 евра од премиум моделот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП