25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИReckitt Benckiser го продава прехранбениот бизнис за 4,2 милијарди долари

Reckitt Benckiser го продава прехранбениот бизнис за 4,2 милијарди долари

Американскиот производител на зачини „McCormick & Co.“ објави дека го купува прехранбениот бизнис на британскиот конгломерат за широка потрошувачка „Reckitt Benckiser Group“ за 4,2 милијарди долари, за да ја зајакне својата дејност во атрактивната категорија на зачините, соопштува „Ројтерс“.

„McCormick“ очекува категоријата со лути сосови да продолжи да расте стабилно и изјави дека ќе интегрира нов бизнис – „RB Foods“ во потрошувачките и индустриските сегменти. Компанијата ќе ги задржи и најголемите брендови како „French’s“, „Frank’s RedHot“ и „Cattlemen’s“.

Американската компанија се обидува да го прошири глобалното присуство. Минатата година таа упати понуда кон „Premier Foods“, сопственик на британските прехранбени брендови како „Mr Kipling“ и супа на коцки „Oxo“. „Premier“ ја отфрли понудата, која беше зголемување за два пати, достигнувајќи 65 пени по акција.

Со сегашната зделка „McCormick“ очекува да се постигне „значително зголемување“ на маргините и приспособениот профит по акција, без трошоците за трансакцијата и интеграцијата. Компанијата очекува синергии за околу 50 милиони долари, од кои повеќето ќе се случат до 2020-та година.

Се очекува нето продажбата на општото друштво за 2017-та година да биде околу 5 милијарди долари, изјави од „McCormick“.

„Reckitt“ изјави дека зделката била оценувана без финансиското влијание на нето кешот или нето долгот, сопственост за време на процесот на склучување на договорот. Компанијата ќе ги користи приходите од продажбата, за да го намали долгот.

Во април „Reckitt“ изјави дека разгледува стратешки можности за мал прехранбен бизнис во обидот да го намали долгот по планираната набавка на „Mead Johnson“ за 16,6 милијарди долари.

Претходно во февруари „Reckitt“ го купи производителот „Mead Johnson“ во ненајавена трансакција која и обезбеди на компанијата нова производна линија и го поддржи нејзиниот бизнис на пазарите во развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП