18 април, 2024
ПочетнаКОЛУМНИTip of the week: Што ако сте на погрешен пат?

Tip of the week: Што ако сте на погрешен пат?

Искрено, не знам како би можеле да ви помогнеме, но можеме да најдеме начин и да укажеме. Сигурно имате околу вас, барем неколку од нив, за кои знаете дека се на погрешен пат, но како да им помогнете?

Животот е краток и секој момент од него е важен и незаменлив. Голем број од нас трошат време на „непотребни” работи кои, пак, ни го одземаат времето за поважните работи. Додека си трепнал, времето поминало, а најстрашно е што не можеш да го замениш или да го вратиш назад.

Затоа, еве ви неколку совети што ќе ви помогнат кога треба да одлучите, дали навистина сте или не на погрешен пат и што да правите:

  • Речиси сите одлуки кои сте ги донеле, претходно некој друг ги донел за вас – направете ретроспектива за одлуките што сте ги донеле вие и колку од нив се навистина ваши. Немојте да ги менувате, откако ќе ги дознаете дека тие одлуки, всушност не сте ги донеле, туку обрнете внимание на наредните. Имајте малку самодоверба и борете се за она што го сакате вие, а не другите.
  • Комфорна зона – веќе подолго време или цело време сте во комфорната зона! Е, па, излезете од неа. Немојте да правите нагли чекори туку пополека преземајте работи за кои немате толку големо искуство и почнете да ги исполнувате. Бидете отворени за нови работи.
  • Полесниот пат – полесниот пат не е секогаш и навистина полесен. Тоа е само патот кој сте го научиле и најлесно е да ги исполнувате задачите според некој шаблон. Исто како и претходната точка, менувајте се, учете нови работи!
  • Постојано се прашувате: зашто го правам ова? – Ама, ако се двоумите во некоја работа што ја работите, тогаш размислете зашто ја правите. Дали вреди или не да се инволвирате во неа или е навистина време да престанете да ја обавувате таа задача. Под прекин на задачата мислам на: ваша замена, промена во пристапот, па и навистина прекинување! Понекогаш е подобро навистина да прекинете и да не се измачувате и вие самите и вашите најблиски (колеги, пријатели, семејство…).
  • Сте започнале милион работи, а ниедна не ви е завршена – се брои што е завршено, а не што е започнато! Во животот, пасијата е таа која ги започнува работите, но посветеноста е таа што ги завршува!
  • Работите напорно, а немате прогрес – приоретизирајте ги работите. Делегирајте каде што можете, соработувајте каде што можете. Не бидете тврдоглави. Работете ефикасно!
  • Вашите најблиски ве немаат видено одамна – ако во вашиот живот, не поминувате доволно (квалитетно) време и со други луѓе (вклучително и вашите домашни љубимци), тогаш најверојатно поминувате премногу време на работа. Таа зависност е нездрава за еден нормален приватен и професионален однос. Повлекувањето од оваа состојба, за кратко или за подолг период, може позитивно да влијае на односот врз работа, но и на односите со вашите блиски.
  • Немате позитивно влијание врз околината – целата оваа ситуација ве довела до толкав негативизам што тој се манифестира и на вашиот однос со речиси сите. Не може сите да ви се криви, а вие да сте најдобриот или секогаш да бидете во право! Тоа е едноставно невозможно. Тоа е само знак дека ширите негативизам и потребно е нешто да промените кај вас. Одмор, промена на пристапот кон работата, комуникацијата, прифаќање на советите од другите е само мал број работи кои може да ги направите.

Тешко е да си признаете дека сте на погрешен пат, но подобро е да признаете отколку да ви помине цел живот во бркање на нешто што никогаш нема да го постигнете. Во овие промени, ќе има многу жртви, но вие сте најголемата. Размислувајте малку за себе, па после и за другите.

 

Со успех во промените,

@kalin.babusku

Член на тимот

 

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП