19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБизнисот со висока маржа на IBM не успеа да ја спаси од...

Бизнисот со висока маржа на IBM не успеа да ја спаси од лошите резултати

Американската технолошка компанија IBM забележа помали од очекуваното приходи за кварталот, откако растот на нејзиниот бизнис со висока маржа, вклучувајќи ги облачните услуги и таквите со вештачка интелигенција, не успеа да го надомести падот на други сегменти од нејзиниот бизнис, пренесува „Ројтерс“.

Како резултат на тоа акциите на „IBM“ ја намалија својата вредност со 3 отсто до 149,15 долари за време на берзанската трговија.

Во последните години „IBM“ го насочи фокусот кон области со висока профитна маргина, како облачните услуги, сајбер безбедноста и анализа на податоците, така што ќе се справи со доцнењето на бизнисот со хардвер и софтвер.

Приходите од овие иницијативи кои „IBM“ ги нарекува „стратешки императиви“ се зголеми за 5 отсто во вториот квартал, кој заврши на 30-ти јуни.

Сепак, некои аналитичари изразија загриженост дека агресивните инвестиции на „IBM“ во области како вештачка интелигенција преку „Watson“, направиле малку за да ги зголемат приходите како целина.

Приходите на „IBM“ од технолошките услуги и облачните платформи се намалија за 5,1% до 8,41 милијарди долари. Просечната прогноза на аналитичарите беше за 8,58 милијарди долари според компанијата за анализи „FactSet“.

Приходите на други единици, вклучувајќи ги софтверот, хардверот и консултантските услуги, исто така се намалиле.

И сепак „IBM“ ја поддржи својата прогноза за 2017-та година за приспособен профит од 13,80 долари. Според аналитичарите овие очекувања се премногу високи. Просечната прогноза на аналитичарите е за приспособен профит од 13,68 долари по акција според „Thomson Reuters I / B / E / S“.

Вкупните приходи на компанијата се намалија за 4,7% до 19,29 милијарди долари, што е најголем пад по пет квартали. Аналитичарите очекуваа износот да достигне 19,46 милијарди долари според „Thomson Reuters I / B / E / S“.

Нето добивката е намален за речиси 7 отсто до 2,33 милијарди долари, или 2,48 долари по акција во вториот квартал.

Ако се исклучат некои елементи, „IBM“ има заработено по 2,97 долари по акција. Тука прогнозата на аналитичарите беше за 2,74 долари по акција. Компанијата забележа приспособена профит во износ од 2,97 долари по акција.

Од почетокот на годината акциите на „IBM“ ја намалија својата вредност за 7,8%, во споредба со 9,9% раст на индексот „S & P 500“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП