29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВториот модел на Alpine ќе биде готов во 2019-та година

Вториот модел на Alpine ќе биде готов во 2019-та година

Сестринската фирма на францускиот производител „Renault“ – „Alpine“, веќе работи на својот втор модел. Ова ќе биде „SUV“, кој ќе се појави на пазарот во 2019-та година, пишува весникот „Auto Express“.

Дизајнот на кросоверот ќе следува во стилот на каросеријата „A110“ – единствениот, барем засега, сериски модел на брендот. Се очекува теренецот да биде еден од најголемите патнички автомобили во оваа класа, како неговите главни конкуренти при излегувањето на пазарот ќе бидат „Porsche Macan“ и „Alfa Romeo Stelvio“.

Во прво време „SUV“-моделот на „Alpine“ ќе добие 1,8-литарски турбомотор со 4 цилиндри, кој ќе развива моќност од 304 КС. Овој мотор Французите ќе го користат и за новиот „Renault Megane RS“. Потоа кросоверот ќе излезе во хибридна модификација, а се размислува и правење на верзија на струја.

Првиот сериски модел на „Alpine“ – „A110“, беше прикажан во рамките на автосаемот во Женева оваа пролет. Тој доби 1,8-литарски бензински турбомотор со 252 КС и преселективен менувач „Getrag“. Моторот е сместен на задната оска, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 4,5 секунди, а максималната брзина достигнува 250 км/ч.

Налози за „Alpine A110“ веќе се прифаќаат, а првите клиенти од Европа ќе ги добијат своите автомобили до крајот на годината. Во 2018-та година моделот ќе дојде до Велика Британија и Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП