23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes го претстави својот прв сериски пикап (фото+видео)

Mercedes го претстави својот прв сериски пикап (фото+видео)

Компанијата „Mercedes-Benz“ официјално го претстави првиот сериски пикап во историјата, а тој се нарекува „X-Class“. Моделот, чија концептуална верзија дебитираше уште во есента 2016-та година, беше прикажан на специјална манифестација во ЈАР.

Пикапот е изграден на платформата на „Nissan Navara“. Предниот дел на суспензијата на „Mercedes-Benz X-Class“ е со двојни попречни лостови, а задната е на пружини. Кај другите модели од оваа класа позади суспензијата е со ресори.

Должината на „Mercedes-Benz X-Class“ e 5340 мм, широчината е 1920 мм, висината е 1819 мм. Растојанието помеѓу двете оски е 3150 мм, а клиренсот достигнува 202 мм.

Товарната платформа на пикапот е со димензии – должина од 1587 мм, ширина од 1560 мм и висина од 474 мм. Бараната од производителот максимална носивост на „X-Class“ достигнува 1042 кг.

На прво време моделот ќе се нуди со два турбодизели со 4 цилиндри и зафатнина од 2,3 литри. Модификација „X 220d“ ќе има една турбина, а ќе развива 163 КС и 403 Нм. Верзијата „X 250d“ добива две турбини и ќе развива 190 КС и 450 Нм.

Малку подоцна оваа година ќе излезе и верзија со 3,0-литарски дизел „V6“, кој развива 258 КС и 550 Нм. За некои пазари, како Дубаи и Мароко, на пример, се предвидува и 2,0-литарски бензински мотор со 165 КС.

За пикапот се предвидени два системи за погон на четири тркала „4Matic“. Кај верзиите со 2,3-литарски дизел тој ќе се исклучи, додека кај оваа со „V6“ моторот ќе работи постојано.

Продажбата на „Mercedes-Benz X-Class“ во Европа стартува во ноември, а во јануари 2018-та година пикапот ќе стапне на пазарите во Јужна Африка и Австралија.

Во почетокот на 2019-та година тој ќе почне да се нуди во Бразил и Аргентина. Цените во Германија стартуваат од 37.294 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП