18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai си постави за цел да стане №1 во Европа

Hyundai си постави за цел да стане №1 во Европа

Корејската компанија „Hyundai Motor Company“ си постави за цел да стане најпродаван производител на автомобили во 2021-ва година, соопштија пред медиумите претставници на брендот за време на презентацијата на два од новите модели на „Hyundai“ во Дизелдорф, Германија.

Во разговор со новинарите од изданието „Car Advice“ потпретседателот на компанијата и главен извршен директор на „Hyundai Motor Europe“ – Томас Шмит, посочи точно како ќе биде постигната оваа амбициозна цел.

„„Hyundai“ има намера да стане најдобро продаваниот автомобилска компанија во Европа во 2021-ва година благодарение на маркетингот на цели 30 нови производи. Тие ќе бидат од највисок квалитет и ќе му помогнат на брендот да се искачи на врвот“, беше категоричен Шмит.

Според раководството на компанијата, постигнувањето на сличен успех на европскиот пазар може да се постигне, ако се користи тактиката на онлајн-продажба – нешто на што во последниве години активно се залага американскиот производител на електрични автомобили „Tesla Motors“.

„Со новата дигитална платформа која ја воведовме, сме продале над 100 автомобили само за неколку недели. Потрудивме да се олесни животот на луѓето, затоа сме №1 по задоволството на клиентите во Европа. Токму и тоа е една од главните насоки на нашата нова бизнис-стратегија“, додаде Шмит.

Експерти и аналитичари на европскиот пазар се скептични во однос на ваквите изјави. Тие признаваат дека корејската марка има широк круг корисници на Стариот континент, но сметаат дека планираните резултати тешко ќе бидат реализирани.

Во 2016-та година „Hyundai“ заврши на 14-то место по продажба во Европа, откако реализира 505.396 нови автомобили. За споредба, компании како „Renault“, „Toyota“, „Peugeot“, „Ford“ и „Volkswagen“ продаваат околу над 1 милион автомобили на континентот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП