19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 55 милиони евра Владата ги намали долговите

За 55 милиони евра Владата ги намали долговите

Владата предводена од СДСМ за 55 милиони евра ги намали долговите што ВМРО-ДПМНЕ ги правеше за луксузирање и криминално богатење, реагира СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека новата Влада секојдневно ги задолжува граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години тајно и нетранспарентно ги задолжуваше граѓаните, а парите од скапите задолжувања ги трошеше за лускузирање и криминално богатење на поединци. За разлика од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, новата Влада предводена од СДСМ преку ребалансот ги крати непродуктивните трошења и парите ги враќа назад кај граѓаните“, велат од СДСМ.

Новата Влада предводена од СДСМ, се вели во реакцијата, работи во интерес на граѓаните, а предвидените средства од задолжувањата на домашниот пазар сè со цел да се обезбеди навремена и целосна реализација на Буџетот по најповолни услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП