19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAmazon прави своја апликација за разговор?

Amazon прави своја апликација за разговор?

„Apple“, „Facebook“ и „Google“ се само некои од компаниите кои работат на апликации за размена на пораки. Делува дека наскоро ќе им се приклучи и „Amazon“, a како што пишува „Engadget“, нивниот сервис би требало да се нарекува „Anytime“.

Oваа апликација би требало да ги има сите опции, како и останатите на пазарот, што наводно групниот „chat“ би требало да биде поедноставен, како и логирањето.

Апликацијата нема да зависи од телефонски броеви, како „WhatsApp“, па ќе биде доволно да знаете име на некого и да го додадете во разговор со помош на знакот „@“, слично како на „Twitter“.

Ќе биде овозможено споделување на фотографии, заеднично слушање на музика и нарачување на храна.

Засега не е познато дали и кога „Anytime“ ќе се појави на пазарот.

Компанијата на Џеф Безос веќе се занимава со комуникацијата: нивниот паметен звучник „Echo“ поддржува гласовни повици и видео конференција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП