25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВрз здравјето на жените лошо влијае работата со премногу мажи

Врз здравјето на жените лошо влијае работата со премногу мажи

Жените кои работат на работно место во кое доминираат мажите се потценети, но новите истражувања од Универзитетот Индијана покажуваат дека жените кои се опкружени со голем број на мажи на рaботното место можат да имаат и нарушено здравје.

Истражувачите ги проучувале хормоналните профили на 440 жени и ги издвоиле жените кои повеќе имале машки од женски колеги, односно околу 85 проценти од нивните колеги биле мажи. Тие заклучиле дека жените имале помалку здрав кортизол, хормон поврзан со стресот кој го предизвикува друштвото и не е од физичка природа. Неправилната работа на кортизолот може да биде потикнувач на депресија и несоница.

Под ваков ризик се жените инженери, супервизори на градилишта и конструкции… Тие се најчесто изложени на социјална изолација, сексуално вознемирување и имаат помалку поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП