19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеванте утре ќе го промовира Барди во нов играч

Леванте утре ќе го промовира Барди во нов играч

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ги мина лекарските прегледи во Леванте и се очекува да го стави својот потпис на тригодишниот договор со тимот од Валенсија, а клубот официјалната промоција ја закажа за утре, во 17 часот.

Енис Барди во Леванте доаѓа од унгарскиот шампион, од екипата на Ујпешт, а според шпекулациите унгарскиот тим ќе заработи 1,5 милиони евра од овој трансфер и 10 отсто од наредниот трансфер на македонскиот репрезентативец.

Барди одигра брилијантно на неодамна завршеното Европско првенство за играчи до 21 година, на три натпревари тој постигна два гола.

Леванте по едногодишно отсуство оваа сезона повторно ќе настапува во елитната шпанска фудбалска конкуренција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП