18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛукас Биља e нов член на „црвено-црните“ од Милано

Лукас Биља e нов член на „црвено-црните“ од Милано

Аргентинецот Лукас Биља официјално од Лацио се пресели во Милан. Според новинарските шпекулации трансферот изнесува 17 милиони евра.

Биља има 31 година, последните четири сезони ги мина во Лацио, а претходно има настапувано за Андерлехт во Европа, односно Индепендијанте и Аргентинос јуниорс во Аргентина.

Биља со Милан потпиша тригодишен договор.

Аргентинецот е осмото засилување за Милан во летниот преоден рок, тим кој е најактивен на трансфер пазарот, претходно договори со „црвено-црните“ потпишаа: Леонардо Бонучи (42 млн. евра), Андре Силва (38), Андреа Конти (25), Хакан Чалханоглу (22), Рикардо Родригез (11) и Матео Мусакио (18).

Во меѓувреме Милан почнал преговори со Баер околу трансферот на Португалецот Ренато Санчез, за кого Баварците бараат 35 милиони евра и со Реал за трансфер на Алваро Мората за кого понудиле 70 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП