28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку начини да бидете забележани на работното место

Неколку начини да бидете забележани на работното место

question-marks

Понекогаш не е доволно само да доаѓате на работа и да ги обавувате секојдневните задачи. Доколку сакате да преземете некои интересни проекти или се надевате на унапредување, морате на некој начин да се истакнете.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да бидете забележани:

Се што правите, правете го одлично

Ако задачите ги обавувате просечно, нема да бидете забележани. За да се истакнете или да дојдете до посакуваното унапредување, морате секојдневно одлично да ги сработувате работите.

Волонтирајте

Волонтирајте во проектите или задачите во кои вашите способности можат да им помогнат на останатите вработени. Така брзо ќе влезете во очите на надредените.

Со сите бидете во добри односи

Кон сите однесувајте се пристојно. Дури и кон оние кои не ви се претерано симпатични.

Помогнете им на колегите

Не морате да чекате некој од вас да побара помош. Понудете им се на колегите ако мислите дека вашите совети би можеле да бидат корисни. Притоа, не очекувајте ништо за возврат.

Станете експерт – за било што

Кога ќе наидат на проблем кој им се чини нерешлив, луѓето им се обраќаат на експертите. Размислите во што сте најуспешни и тоа доведете го до совршенство. Потоа волонтирајте во проектите кои на сите ќе им ја покажат вашата стручност.

Докажете и на компанијата дека сте вредни

Тоа не е едноставна задача. Секој ден на работа морате да докажувате дека сте важни за компанијата

Креирајте план за сопствената кариера и претставете им го на надредените

Не заборавајте дека вашата кариера е само ваша одговорност. Дефинирајте ги вашите идеи, развијте план и поделете ги тие информации со вашите надредени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП