Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,297.60 -0.03%    GRNT 870.00 -0.99%    KMB 2,883.30 -1.59%    KPSS 485.00 -2.81%    KVAS 10,670.00 -3%    MPT 30,201.00 -2.58%    MTUR 4,700.00 2.17%    OKTA 3,300.00 10%    PKB 14,500.00 0.07%    RZUS 120.00 -1.64%    SBT 2,219.26 -0.89%    STB 938.54 -1.78%    STIL 134.00 3.08%    TEL 279.00 -0.49%    TNB 13,300.00 0.4%    TPLF 1,601.00 -0.32%    TTK 776.00 -3%    

Piraeus зема замав во обидот да ги намали лошите заеми

Време: 15:18

Датум: јули 17, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

Новиот извршен директор на „Piraeus Bank“ се обидува да го израмни загубеното време. Христос Мегалу треба да се ослободи од лоши заеми за 4 милијарди евра до крајот на годината според планот за реструктуирање, договорен со надзорниот оддел на Европската централна банка (ЕЦБ) уште пред да преземе најголемиот грчкиот кредитор, раскажува „Bloomberg“.

„Има решение на ова управување да се забрза спроведувањето на планот за реструктуирање, за да може што е можно побрзо да се отплати назад државната помош“, вели Мегалу во интервју од седиштето на банката во Атина. „Piraeus“ доби државно финансирање за 2,72 милијарди евра од ноември 2015-та година, а спасувачкиот фонд на Грција поседува над една четвртина од доверителот.

Мегалу се вклучува подоцна во реструктуирањето, приклучувајќи се кон банката од „Eurobank Ergasias“ дури во март, што го прави трет извршен директор за помалку од две години. Двајцата негови претходници се повлекоа по расправијата со „Paulson & Co.“ – еден од главните акционери на банката.

Акциите на „Piraeus“ поскапеле за 45% откако Мегалу ја презеде функцијата, што и дава на компанијата пазарна капитализација од околу 2,3 милијарди евра.

Во својот последен извештај за монетарната политика на централната банка на Грција ги идентификуваше лошите долгови како најголема пречка пред грчкиот банкарски систем и пошироката економија. Изложеноста кон надзорните заеми е од 104,8 милијарди евра кон крајот на 2016-та година, што претставува околу половина од сите кредити во билансот на банката, покажуваат податоците на Грчката централна банка.

Тоа сепак е подобрување во однос на 2015-та година, кога имаше сериозно протекување на депозитите поради загриженоста дека Грција може да излезе од еврозоната. Истекот беше суспендиран откако банките беа затворени за три недели, беа наметнати ограничувања на повлекување и испраќање на средства надвор од земјата, а Грција договори спасувачки заем за 86 милијарди евра – третиот од 2010-та година.

„Piraeus“ e „на пат“ да ги намали надзорните заеми – чие достасување е истече пред над 90 дена – до 19,1 милијарди евра до крајот на годината од 23 милијарди евра кон крајот на март, вели Мегалу. Договорот со единствениот механизам за надзор вклучува и обврска да ја намали изложеноста кон надзорните заеми со 2 милијарди евра до 31,3 милијарди евра до крајот на годината. Ова вклучува и реструктурирани кредити, кои најверојатно ќе се покажат лоши.

„Piraeus“ веќе го намали малку долгот, продавајќи ги проблематичните заеми за речиси половина милијарда евра во Србија, Романија и Бугарија во последните 18 месеци. Таа привлекла и 3 милиони евра од продажбата на 29 имоти во онлајн аукција.

Новиот закон кој им овозможува на банките да работат директно со должниците за реструктуирање на нивниот долг, би требало дополнително да се олесни времето, вели Мегалу. Досега кредиторите требаше да ги праќаат должниците, задоцнети со придонеси, на суд.

Новото управување создало одделна единица која ќе располага со повторното влегување во сопственост и продажбата на несакани средства. Банката се обидува да ја продаде филијалата на Балканот и деловите во „Hellenic Seaways“ и две грчки фарми за риба – „Selonda“ и „Nireus“.

„Нашата главна цел е да ја намалиме изложеноста кон банкарски имот во Грција и кон меѓународните банкарски подружници во Србија, Романија и Бугарија“, вели главниот извршен директор. „Ако постигнеме без удар врз капиталот, тоа ќе има позитивно влијание врз билансот рамнотежата“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Макпрогрес од Виница ја превзема Дониа од Прилеп

    Макпрогрес од Виница ја превзема Дониа од Прилеп

    Македонскиот производствен гигант на кондиторските производи Макпрогрес ДОО од Виница потпиша договор за стопроцентно превземање на кондиторската фабрика Дониа, со седиште во Прилеп. Превземањето на…

  • КХВ и натаму не е транспарентна во случајот „Макпетрол“

    КХВ и натаму не е транспарентна во случајот „Макпетрол“

    Не стивнуваат реакциите во јавноста по прес-конференцијата на првиот човек на Макпетрол Андреа Јосифовски и одговорот од Комисијата за хартии од вредност, во кој КХВ…

  • Amazon.com создава 2.000 нови работни места во Њујорк

    Amazon.com создава 2.000 нови работни места во Њујорк

    Американскиот технолошки гигант „Amazon.com Inc.“ ќе отвори нова голема канцеларија во Њујорк, создавајќи нови 2000 високоплатени работни места, објави „Блумберг“. Гигантот во електронската трговија, кој…

  • Лукоил не планира да го намали производството на нафта дo 2018-та

    Лукоил не планира да го намали производството на нафта дo 2018-та

    „Лукоил“ не планира да го намали производството на нафта дo 2018-та година, но компанијата е подготвена да се придржува до одлуката на владата и да…

  • Се отвори фабриката Injection Moulding Prilep

    Се отвори фабриката Injection Moulding Prilep

    Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања,  Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески присуствуваа на свеченото отворање на фабриката Injection…

  • Google и HTC потпишаа договор вреден 1,1 милијарда долари

    Google и HTC потпишаа договор вреден 1,1 милијарда долари

    „Google“ и „HTC“ објавија дека потпишале договор вреден 1,1 милијарда долари, информира „CNBC“. Целиот износ ќе се плаќа во готово, а трансакцијата се очекува да…

  • Еден милион долари донираше Фејсбук за жртвите од земјотресот во Мексико

    Еден милион долари донираше Фејсбук за жртвите од земјотресот во Мексико

    Фејсбук најави дека ќе донира еден милион долари на Црвениот крст во Мексико како помош за обнова на најпогодените области од силниот земјотрес кој предизвика…

  • UniCredit е заинтересиран за евентуално спојување со германската Commerzbank?

    UniCredit е заинтересиран за евентуално спојување со германската Commerzbank?

    Италијанската банка „UniCredit“ им кажа на властите во Берлин дека размислува за евентуално спојување со државната „Commerzbank“, објави „Ројтерс“, цитирајќи ги двата извори запознаени со…

  • Toshiba ќе го продаде бизнисот со чипови на Bain Capital

    Toshiba ќе го продаде бизнисот со чипови на Bain Capital

    Јапонскиот концерн Toshiba Corp објави дека ќе го продаде својот ценет полупроводнички бизнис на група предводена од приватната американска компанија за деловно инвестирање „Bain Capital…

  • Поради огромни долгови ќе се затвори „Фени“, 850 вработени остануваат на улица

    Поради огромни долгови ќе се затвори „Фени“, 850 вработени остануваат на улица

    На единствената линија што работи во фабриката „Фени индустри“ ѝ се заканува гаснење поради што без работа ќе останат речиси 850 вработени. Поради недомаќинското работење…