29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРано ли е Италија да слави?

Рано ли е Италија да слави?

„Најтешката катастрофа надвор од војната“, по обединувањето на Италија пред повеќе од 150 години, конечно може да е минато за третата по големина економија во еврозоната, чиј раст изненадувачки оди нагоре. Можно е сепак преголемиот оптимизам да е неумесен.

Италија се претставува очајно лошо во последните повеќе од 15 години. Расположението во третата по големина економија во еврозоната сепак се подобри во последните денови во позадината на знаците дека нејзиниот анемичен раст конечно свртил определена брзина.

Од 2000-та година италијанската економија речиси не се зголемила и по глобалната финансиска криза од 2008-ма година, земјата ја доживеа најтешката рецесија по Втората светска војна, која го намали индустриското производство со околу една четвртина и ја зголеми младинската невработеност на ниво од над 40%.

Во саботата доцна сепак министерот за економија Пјер Карло Падоа објави дека е наместен „силен оптимист за италијанската економија во следните години“ и рече дека очекува „подобри години од изминатите“.

Тој зборуваше еден ден откако италијанската централна банка ја ревидираше прогнозата за растот на националната економија „чувствително нагоре“ до 1,4% во оваа година, 1,3% во следната година и 1,2% во 2019-та година при очекуваните во јануари нивоа од 0, 9-1,1%.

„Оптимист сум бидејќи ја гледам италијанската економија посилна, но и не толку кревка, што се однесува до (државниот) долг“, изјави уште Падоа по митингот организиран од фракција од владејачката Демократска партија (ДП).

Претходно овој месец, министерот за економија го поздрави спасувањето на италијанските банки како „пресвртница“ за националната економија. Банката „Monte dei Paschi di Siena“ (MPS) практично беше национализирана, а две помали банки во областа Венето беа банкротирани со државна помош.

Операциите беа критикуваа како премногу „дарежливи“ кон банкарскиот сектор, но тие можат да бидат разгледувани и како доказ дека Италија конечно реструктуира еден бранша, чија нестабилност беше наведена како голема пречка за економијата.

Многу експерти тврдат дека проблемот на Италија со нискиот раст се должи делумно на „банките зомби“, како „MPS“ кои, имајќи премногу лоши кредити во своите биланси не можат да одобрат кредити на стабилни компании и домаќинства и на тој начин ја задушуваат економската активност.

Економското „здравје“ на земјата останува под прашање, најмногу во споредба со остатокот од Европа. Зголемувањето на италијанскиот бруто домашен производ (БДП) се засилува, но останува под просекот на нивото за еврозоната и е половина од растот во друга медитеранска земја – Шпанија.

Во последните две недели официјалната статистика исто така покажа дека невработеноста е зголемена за 0,2% во мај до 11,3% и дека скоро 5 милиони Италијанци живееле во сиромаштија во минатата година – со 3% повеќе во споредба со претходната 2015-та година.

„Враќањето од најтешката невоена катастрофа откако Италија беше обединета (во 1861-ва година), се уште продолжува да е премногу бавно“, напиша економскиот коментатор Стефано Лепри во уредувачката статија на весникот „Стампа“ во неделата.

Задачата за одржување на италијанската економија најверојатно ќе падне на плеќите на владата што ќе биде формирана по парламентарните избори во следната година. Водечките претенденти сепак не изгледаат особено склони да земаат потешки одлуки.

Во документ, објавен во средата, лидерот на ДП и поранешен премиер Матео Ренци повика да се укине договорот на ЕУ за буџетска дисциплина, познат како буџетски пакт, со цел финансирање на намалување на даноците, со најмалку 30 милијарди евра за период од пет години.

Во редовите на опозицијата „Пет ѕвезди“ и конзервативците, предводени од поранешниот премиер Силвио Берлускони, исто така ветуваат дека ќе се борат против фискалните правила на ЕУ и флертуваат со идејата за напуштање на Италија од еврозоната.

Таквите рецепти може да се покажат како ризични за една земја во која државниот долг, во вредност од над 130% од БДП-то, е најголем во Европската унија по Грција и беше наведен експлицитно во мај од страна на гувернерот на италијанската централна банка Ињацио Виско како „фактор за сериозна ранливост“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП