24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИздадена првата корпоративна обврзница на ,,Капитал банка“ АД Скопје

Издадена првата корпоративна обврзница на ,,Капитал банка“ АД Скопје

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 119. седница на ,,Капитал банка“ АД Скопје ѝ даде одобрение да издаде корпоративна обврзница за познати купувачи.

Станува збор за прва емисија на 1000 обврзници со поединечна номинална вредност од 1000 евра и со вкупна вредност од 1.000.000 евра. Обврзницата што се издава е долгорочна со каматен принос (купонска), во нематеријализиран облик, неконвертибилна, гласи на име и е неограничено пренослива.

Емисијата на обврзници на ,,Капитал банка“ АД Скопје се врши заради зголемување на капиталот и сопствените средства на друштвото, подобрување на профитабилноста, проширување на портфолиото на услуги кои се нудат, како и за инвестиции во ИТ решенија за изградба на дигитални платформи за онлајн услуги на банката.

Купувачи на обврзниците од првата емисија се: Алфа банка ЕАД ,Софија, Бугарија, која ќе откупи 90 проценти од понудените обврзници, како и двата инвестициски фонда, КБ Публикум-балансиран и КБ Публикум- обврзници од Скопје, со по 5 проценти, соопшти Комисијата за хартии од вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП