25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОслободете се од стресот со овие едноставни начини

Ослободете се од стресот со овие едноставни начини

127109727354be77ecc7c1c283540418_w640

Без разлика колку се трудите, некогаш е просто невозможно да се избегне стресна ситуација на работа или дома. Следете ги овие совети за брзо и ефикасно да го повратите внатрешниот баланс…

Создадете посебен дневен ритуал

На сите нас ни е потребно да се ослободиме од собраниот стрес во текот на денот и да ја смириме напнатоста. За да не посетувате терапевти и да не посегнувате по лекови, изведете еден едноставен трик: запишете на хартија се што ве мачи или што ве прави нервозни, а потоа и зошто се чувствувате така како што се чувствувате. Кога ќе завршите со анализата – искинете ја хартијата на парчиња и фрлете ги во ѓубре. После ова ќе почувствувате големо олеснување.

120921085826-stress-free-life-story-top

Намерно не правете ништо

Се што ви е потребно е да седнете на некое удобно место, да ги затворите очите и да ги пуштите вашите негативни мисли да течат непречено. Набљудувајте ги како река, како пејзаж кој би го гледале додека патувате со воз, како превод кој го читате додека гледате филм или нешто друго… Важно е да не се воздржувате. А потоа зборовите и мислите нека почнат да бледеат, се додека не се смирите и вратите во реалноста.

Отстранете ја негативноста со поставување на цели

Испланирајте кога во текот на неделата ќе издвоите време само за себе и ќе уживате во активности кои ве прават среќни или можеби некои кои ви претставуваат предизвик – почнете да учите странски јазик, подгответе некое ново јадење, прочитајте книга, излезете на прошетка или на кафе со драг пријател… Запишете ги сите планови прво на хартија, а потоа во роковникот или планерот и радувајте им се во текот на работното време или насочете го своето внимание на нив во најкритичните моменти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП