25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајбрзиот Android телефон (видео)

Најбрзиот Android телефон (видео)

Пред извесно време техноблогерите го определија „HTC U11“ како најбрзиот уред на пазарот.

Денес можеме практично да го докажеме тоа со помош на колегата од „Jerome Ortega“ – „YouTube“ корисник кој објави видео со споредба на „HTC U11“, „Galaxy S8“, „LG G6“, „OnePlus 3T“ и „Google Pixel XL“, разгледувајќи ја брзината на работа во нивната примена.

Отпрвин бил одржан тест за брзина на вклучување. Прв се вклучил „Pixel XL“, следувале „S8“, „G6“ и „3T“. „U11“ се најде на последното место.

Потоа почнал тестот со стартување на различни апликации симнати од „Google Play“. Точната бројка е 18.

Во првиот круг авторот на видеото на два пати ги тестира сите апликации за да се утврди како се држат смартфоните и што се случува со оперативната меморија.

И во двата случаи резултатите се наоѓаат во корист на „HTC U11“.

Податоци од првиот круг:

HTC U11: 0:53.2

Galaxy S8: 1:01.44

LG G6: 1:08.15

OnePlus 3T: 0:58.47

Pixel XL: 1:07.96

Втор круг:

HTC U11: 0:58.7

Galaxy S8: 1:07.52

LG G6: 0:55.61

OnePlus 3T: 1:03.35

Pixel XL: 1:12.01

Вкупен резултат:

HTC U11: 1:51.9

Galaxy S8: 2:08.97

LG G6: 2:03.76

OnePlus 3T: 2:01.83

Pixel XL: 2:19.98

Како што може да забележите, на прво место во крајниот резултат се испостави дека е „HTC U11“. Следуваат „OnePlus 3T“ и „LG G6“.

„S8“ и „Pixel XL“ се бавните. Во вториот случај не е исклучено да станува збор за лошо оптимизиран софтвер (Android O).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП