25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗелка – одлична за тенот и за намалување на килограмите

Зелка – одлична за тенот и за намалување на килограмите

Овој популарен зеленчук е богат со хранливи материи кои вашиот тен ќе го направат блескав, а вашите диети поефикасни.

Една од најголемите забелешки за зелката е тоа што таа создава надуеност, меѓутоа главната причина за тоа е начинот на кој се приготвува. Зелката при готвењето губи и многу лековити својства, па затоа се препорачува да се консумира во сирова форма или евентуално зготвена на пареа.

Нејзината голема предност е ниското ниво на калории – една шола со исецкана зелка има само 22 калории. Затоа не не чуди популарноста на таканаречената зелка-диета која наводно дава одлични резултати. Велат дека просечно од неа можат да се изгубат 7 килограми неделно. Во тој период секој ден се јаде супа од зелка. Освен што помага во согорувањето на калории, оваа диета го чисти организмот од маснотии и токсини, а покрај губењето на килограмите не се чувствува замор или недостаток на енергија.

Ако пак имате проблеми со тенот, акни, лишаи или некои други видови на егзема, нив можете да ги ублажите со облоги од листовите или со лонсион кој содржи сок од свежа зелка. Примената на зелката во козметиката се темели на истиот принцип според кој зелката лековито делува на слузокожата на органите за варење.

За поубава кожа на лицето, но и телото потребно е дневно да испиете 250 мл вода во која се варела зелката. На ситно ренде изренданата зелка исто така може да ви послужи и како маска за лице која го поттикнува зараснувањето на раничките по чистењето на лицето и акните. Одлична маска за лице е да изрендате ситно зелка и да ја ставите на вашето лице да отстои околу 30 минути. Уживајте во благодетите на овој зеленчук….

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП