20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook може да претстави безжични Oculus VR за 200 долари

Facebook може да претстави безжични Oculus VR за 200 долари

„Facebook Inc.“ прави нов чекор во правењето на очилата за виртуелната реалност „Oculus Rift“. Подоцна во текот на оваа година компанијата планира да претстави поевтин безжичен уред за кој се надева дека ќе ја популаризира виртуелната реалност на начинот на кој „Apple“ го направи популарен смартфонот, пренесува „Bloomberg“.

Во моментов хардверот за виртуелната реалност доаѓа до клиентите по два главни канали: евтини очила што ги претвори смартфоните во графички за виртуелната реалност (како „Gear VR“ на „Samsung“ за 130 долари) и гејмерските платформи од висока класа (како „Oculus Rift“ на „Facebook“ за 400 долари ), кои се поврзуваат со десктоп компјутери за над 1.000 долари.

Новата класа „гаџети“ на „Facebook“ е наменета да се премости јазот – уред кој ќе се продава за помалку од 200 долари и нема да има потреба да биде поврзан со компјутер или телефон, велат извори запознаени со развојот. Тој ќе биде претставен официјално во следната година и ќе претставува целосно нова категорија.

Слично на тековните производи, „Oculus“ новите очила ќе бидат насочени кон игрите, гледањето видео и социјалните мрежи, појаснуваат изворите кои не сакаат да бидат именувани, бидејќи темата е доверлива. Уредот со кодно име „Pacific“ личи на покомпактна верзија на „Rift“ и ќе биде полесен од „Gear VR“ на „Samsung“, вели еден од изворите.

Дизајнот и карактеристиките на уредот не се финализирани и може да настапи извесна промена, но идејата е корисникот да биде во можност да ги извади очилата од чантата и да гледа филмови за време на лет, токму онака како што сега може да го прави со телефонот или таблетот.

На конференцијата за програмери во оваа година извршниот директор на „Facebook“, Марк Цукерберг го опишува како уред меѓу „Gear VR“ и „Rift“. „Тоа е нешто за што ние веруваме дека ќе постои“, рече тој. Во изјавата подршка даде и портпаролот на „Oculus“, Ален Купер вели: „Ние немаме производ кој ќе го замислиме во овој момент, но сепак можеме да потврдиме дека правиме неколку значајни технолошки инвестиции во категоријата самостојни уреди за виртуелната реалност “.

„Oculus“ го изгради својот прв прототип во 2010-та година во времето кога беше финансиран во „Kickstarter“. Во 2014-та година „Facebook“ ја купи компанијата за околу 2 милијарди долари.

Денес светскиот пазар за „VR“ очила останува мал. Во првото тримесечје хардверските производители испорачале 2,3 милиони уреди според „IDC“, во однос на 347 милиони смартфони.

Тоа почнува да се менува, па втората генерација уреди почнаа да се појавуваат на пазарот. Минатата година „Sony Corp.“ дебитираше со „PlayStation VR“, комплет за 500 долари, од кој има продадено околу 1 милион единици и кој се поврзува со екосистемот од игри и забава на компанијата. Во исто време „HTC Corp.“ и „Lenovo Group“ кои го користат „Daydream OS“ на „Google“, работат на своја самостојна графика и се очекува да ја претстават на пазарите во оваа година. Истото се однесува и за „Samsung Electronics Co.“, кој ја користи технологија на „Oculus“.

Во моментов „Samsung“ ја зазема челната позиција со околу 22 проценти од светскиот пазар според „IDC“. „Oculus Rift“ на „Facebook“ е на четвртото место, зад „Sony“ и „HTC“, со околу 5 проценти од пазарот, или помалку од 100.000 продадени единици, појаснува „IDC“. За да ја охрабри продажбата, во јули компанијата ја намали цената на својот сет за по втор пат во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП