28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ8 намирници за блескав изглед на кожата ова лето

8 намирници за блескав изглед на кожата ова лето

На стареењето на кожата не влијае само сонцето. И исхраната има големо влијание, а бидејќи кожата е најголемиот и највпечатлив орган, на неа најпрвин се покажуваат сите недостатоци на хранливи материи. За да го задржите сјајот на кожата ова лето, мора да внесувате доволно течности и мора да се храните правилно. Овие намирници се најдобри за кожата.

1. Лубеница

Деведесет проценти од лубеницата се вода, која го хидрира телото. Покрај тоа, таа е богата со витамин Ц, кој е потребен за здраво производство на колаген. Нејзините антиоксидантски одлики ја прават добра за ослободувањето од слободните радикали.

2. Бобичесто овошје

Свежото овошје како што се боровниците, капините, малините и јагодите не само што е вкусно, туку е и полно со антиоксиданти кои можат да ја заштитат кожата од штетното дејство на сонцето.

3. Ананас

Покрај витамините и минералите, ова тропско овошје содржи и бромелаин, кој се бори со изгорениците, што е добро за лицата кои имаат проблеми со изгореници од сонцето.

4. Цитруси

Портокалите, грепфрутот, лимоните, лиметата – за кој и да се одлучите нема да погрешите, бидејќи сите се добри за вашата кожа. Нивниот витамин Ц и аминокиселините, како што се пролин и лизин, играат важна улога во производството на колаген, кој кожата може долго да ја одржи млада.

5. Краставица

Краставиците се добри и за смирување и подмладување на очите но и за добриот изглед на кожата општо. Поголем дел во краставицата е вода, па затоа таа е совршена и за хидратација.

6. Домат

Доматот е совршен за заштита на клетките на кожата балагодарение на ликопенот, кој не само што го поттикнува производството на колаген, туку се бори и против формирањето на брчки.

7. Лосос

Ако сакате вашата кожа да биде свежа и сјајна, јадете лосос почесто. Неговите омега 3 масни киселини се клучна состојќа за регулација на производството на маст во клетките на кожата.

8. Кокосова вода

Наместо да пиете енергетски напитоци полни со шеќери, слободно можете да ги замените со кокосовата вода. Таа ја подобрува еластичноста и го чува младиот изглед на кожата благодарение на своите хидратантни моќи и големата доза на калиум, кој помага во тоа поголема количина на хранливи материи и кислород да допрат до кожата, со што се поттикнува циркулација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП