Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,297.60 -0.03%    GRNT 870.00 -0.99%    KMB 2,883.30 -1.59%    KPSS 485.00 -2.81%    KVAS 10,670.00 -3%    MPT 30,201.00 -2.58%    MTUR 4,700.00 2.17%    OKTA 3,300.00 10%    PKB 14,500.00 0.07%    RZUS 120.00 -1.64%    SBT 2,219.26 -0.89%    STB 938.54 -1.78%    STIL 134.00 3.08%    TEL 279.00 -0.49%    TNB 13,300.00 0.4%    TPLF 1,601.00 -0.32%    TTK 776.00 -3%    

CBS News и BBC потпишаа договор за споделување на содржина

Време: 10:26

Датум: јули 14, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

Американската телевизија „CBS News“ и британската „BBC“ ги најавија плановите за соработка и размена на информации, а очекувањата се тоа да го подобри известувањето на најважните домашни и меѓународни настани, пренесоа светските агенции.

Договорот меѓу двата медиуми беше објавен во заедничката изјава на нивните раководители Дејвид Роудс (CBS) и Џејмс Хардинг (BBC).

Телевизиите ќе можат да споделат видео и уреднички содржини, како и ресурси за покривање на вести во Њујорк, Лондон, Вашингтон и други точки во светот.

Новото партнерство ќе им овозможи на гледачите, независно од местото на живеење и ставовите, автентични, оригинални и релевантни вести, посочи Хардинг, цитиран од агенциите.

„BBC“ покрива настани од 125 градови во 70 земји и достигнува публика од 346 милиони луѓе неделно.

Договорот за споделување на содржина стапува на сила веднаш. Тоа го заменува досега важечкото меѓу „BBC“ и друга голема американска телевизија – „ABC“. Британскиот медиум не наведе причината поради која го менува партнерот.

Двете телевизиски мрежи веќе работеле заедно во раните денови на телевизијата и радиото, кога американскиот новинар Едвард Мероу испраќал многу од познатите соопштенија за текот на Втората светска војна од централата на „BBC“ во Лондон.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Газпром двојно го зголеми финансирањето за „Турски тек“

    Газпром двојно го зголеми финансирањето за „Турски тек“

    Руски „Газпром“ планира да ги удвои своите инвестиции во „Турски тек“, објави „Ведомости“, осврнувајќи се на своите извори од гасниот гигант. Според публикацијата, компанијата ќе…

  • График на денот: Најголемите аквизиции на Google

    График на денот: Најголемите аквизиции на Google

    Во четвртокот, онлајн гигант „Google“ објави дека купил дел од бизнисот на производителот на паметни телефони на „HTC“ за 1,1 милијарда долари, според „Statista“. Со…

  • Убер ја изгуби лиценцата за Лондон

    Убер ја изгуби лиценцата за Лондон

    Технолошката транспортна компанија Убер повеќе не ќе може да работи на улиците на Лондон бидејќи британските власти одбиле да ѝ ја обноват лиценцата со образложение…

  • Макпрогрес од Виница ја превзема Дониа од Прилеп

    Макпрогрес од Виница ја превзема Дониа од Прилеп

    Македонскиот производствен гигант на кондиторските производи Макпрогрес ДОО од Виница потпиша договор за стопроцентно превземање на кондиторската фабрика Дониа, со седиште во Прилеп. Превземањето на…

  • КХВ и натаму не е транспарентна во случајот „Макпетрол“

    КХВ и натаму не е транспарентна во случајот „Макпетрол“

    Не стивнуваат реакциите во јавноста по прес-конференцијата на првиот човек на Макпетрол Андреа Јосифовски и одговорот од Комисијата за хартии од вредност, во кој КХВ…

  • Amazon.com создава 2.000 нови работни места во Њујорк

    Amazon.com создава 2.000 нови работни места во Њујорк

    Американскиот технолошки гигант „Amazon.com Inc.“ ќе отвори нова голема канцеларија во Њујорк, создавајќи нови 2000 високоплатени работни места, објави „Блумберг“. Гигантот во електронската трговија, кој…

  • Лукоил не планира да го намали производството на нафта дo 2018-та

    Лукоил не планира да го намали производството на нафта дo 2018-та

    „Лукоил“ не планира да го намали производството на нафта дo 2018-та година, но компанијата е подготвена да се придржува до одлуката на владата и да…

  • Се отвори фабриката Injection Moulding Prilep

    Се отвори фабриката Injection Moulding Prilep

    Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања,  Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески присуствуваа на свеченото отворање на фабриката Injection…

  • Google и HTC потпишаа договор вреден 1,1 милијарда долари

    Google и HTC потпишаа договор вреден 1,1 милијарда долари

    „Google“ и „HTC“ објавија дека потпишале договор вреден 1,1 милијарда долари, информира „CNBC“. Целиот износ ќе се плаќа во готово, а трансакцијата се очекува да…

  • Еден милион долари донираше Фејсбук за жртвите од земјотресот во Мексико

    Еден милион долари донираше Фејсбук за жртвите од земјотресот во Мексико

    Фејсбук најави дека ќе донира еден милион долари на Црвениот крст во Мексико како помош за обнова на најпогодените области од силниот земјотрес кој предизвика…