23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФилмови од Манчевски и Ѓоковиќ во официјалната програма на фестивалот во Нанси

Филмови од Манчевски и Ѓоковиќ во официјалната програма на фестивалот во Нанси

Два краткометражни филма на македонски режисери, „Крајот на времето“ на Милчо Манчевски и „Еклер“ на Марко Ѓоковиќ, се селектирани во официјалната натпреварувачка програма на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, Франција, кој ќе се одржува од 25 август до 3 септември 2017.

Новиот филм на Манчевски, кубанско-американска копродукција, е во новата натпреварувачка селекција на фестивалот, насловена „ЛАБО за експериментални филмови“.

Краткометражниот филм „Еклер“ во режија на Марко Ѓоковиќ, ќе биде прикажан во меѓународната селекција.

До организаторите на фестивалот од Нанси годинава беа испратени вкупно 2352 пријави за учество на краткометражни филмови од целиот свет, од кои само седумдесетина се наоѓаат на фестивалската програма.

Со Меѓународниот филмски фестивал во Нанси од 2013 година претседава новинарот со македонско потекло Тони Гламчевски, кој ја има и функцијата на главен селекктор на фестивалот. Тој го изрази своето задоволство од изборот на македонските режисери бидејќи првпат во 23-годишната историја на фестивалот, ќе има македонски автори во неговата натпреварувачка селекција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП