25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAкциите на Комерцијална банка АД Скопје остварија најголем промет

Aкциите на Комерцијална банка АД Скопје остварија најголем промет

На Македонската берза за хартии од вредност најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со вкупна вредност на трансакциите од околу 5,87 милиони денари, истргувани 2.178 акции по просечна цена од 2.697,53 денари.

Оваа акција имаше учество од 24,54 отсто во вкупно остварениот промет од 23.941.173,32 денари.

Со повисок промет се рангираа исто и акциите на: Алкалоид АД со промет од 3,9 милиони денари, НЛБ Банка со 2,1 милион денари, Цементарница УСЈЕ со 1,7 милиони денари и РЖЛЕ со 1,3 милиони денари.

Акциите на Арцелормиттал АД – ЦРМ и ХРМ водачи на дневната листа на добитници со најголем раст од 33,33% (РЖЛВ) и 24,14% (РЖЛЕ).

Листата на губитници повторно речиси испразнета, најголем пад на вредноста од -4% забележа акцијата на Прилепска Пиварница АД Прилеп, а по неа акцијата на ФЗЦ 11 Октомври Куманово со пад од -3,37%.

Индексите МБИ10 и ОМБ во зeлена територија за 0,96% и 0,39, соодветно при што индексот МБИ10 е петти трговски ден по ред во пораст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП