19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот Mandarin Oriental Hotel во Бодрум (фото)

Луксузниот Mandarin Oriental Hotel во Бодрум (фото)

Бодрум е навистина фасцинантно место, со Рајски залив, прекриен со бели песочни плажи…

Овде ви се овозможуваат прекрасните контрасти на деловите од стариот град и возбудливиот, модерен ноќен живот, кој ги привлекува туристите ширум светот секоја година.

Сместен на обалата на Бодрум, се наоѓа најубавиот хотел во овој град „Mandarin Oriental“. Овој хотел е комбинација на беспрекорен комфор со погледите кон морето кои го одземаат здивот. Хотелот е изложен на сочевите зраци во текот на целиот ден, а опкружен е со малини, Егејското море и нормално, белите песочни плажи.

Овој хотел има модерни и удобни сместувачки единици, прекрасно декорирани со турски елементи и ориентално инспиративниот луксуз, кој ќе ве маѓепса на прв поглед. Овде постојат 59 соби за гости, 27 апартмани и 23 станови, при што секоја единица е пространа, уникатна и опремена со сите модерни погодности.

Овде се наоѓа и најдобриот спа центар во овој дел од светот, а храната во ресторанот на овој хотел е совршена. Исто така, овде можете да се релаксирате покрај базенот или да играте тенис, а постои можност и за изнајмување на хотелски хеликоптер кој ќе ве однесе во авантура во која ќе го истражите градот од најдобар агол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП