29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОвој дрон ве следи додека спортувате (видео)

Овој дрон ве следи додека спортувате (видео)

Дроновите имаат бројни можности. Тие можат да испорачуваат пратки, да одржуваат мисии за пронаоѓање и спасување, како и да снимат кадри од високо.

Овие машини не само што стануваат сé пософистицирани, но и ги развиваат своите квалитети во различни правци.

„Airdog“ е стартап за производство на дронови кои по наведувањето на конкретни параметри можат да следат корисникот од воздух, додека тој врши некаков вид екстремни активности, како возење на мотоцикл, сурфање, качување и слично.

„Airdoh ADII“ го следи движењето благодарение на нараквици, во кои има „GPS“. Самиот дрон е опремен со водоотпорна нараквица која се нарекува „AirLeash“ и се користи за нанесување на брзи корекции во текот на летот.

„AirLeash“ ја заменува потребата од далечина, смартфон или некаков друг уред преку кој ја контролирате машината додека е во воздух. Последното е особено погодно кога вежбате даден спорт и сакате тоа да биде снимено.

„Целта не е да се пилотира рачно. Целта е да се снимите себе си во движење, во момент во кој не сакате да мислите за никакви технологии“, вели извршниот директор и ко-основач на компанијата Едгарс Розенталс, цитиран од страна на „CNN“.

Пазарот на дронови за спорт дефинитивно се развива во последните неколку години. „Airdog“ го пушти својот прв „следи ме“ дрон уште во 2015-та година. Подобрениот производ ја вклучува функција која му овозможува на корисникот да програмира и на тој начин да трасира патот и однесувањето на дронот „ADII“.

Ако сакате пример да возите велосипед низ карпест предел, можете да ја обележите рутата преку апликацијата на „Airdog“ или преку екранот на „AirLeash“ кои се синхронизирани со „Google Earth“.

Така дронот ќе ве следи по зацртаниот пат, избегнувајќи препреки како дрвја или згради. Дронот може понатаму да се прилагоди на вашите движења или да ве снима и да се врти во круг околу вас.

Машината е со димензии кои овозможуваат да ја носите во вашиот ранец. Слично на конкуренцијата, „ADII“ не се нуди со сопствена камера, па корисниците ќе имаат потреба од „GoPro Hero 5“, која е компатибилна со дронот. „ADII“ се продава за 999 долари за корисниците кои платиле за претходна нарачка во платформата „Kickstarter“. За нив, дронот ќе дојде до нивните домови во месец август оваа година, за сите останати цената евентуално ќе биде во износ од 1.500 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП