29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗUrus доби зелено светло за производство

Urus доби зелено светло за производство

Lamborghini-Urus-Front

Иако како концепт беше претставен пред една година „Lamborghini Urus“ тек сега доби зелено светло за сериско производство. Италијанскиот производител ја објави оваа вест во склоп на прославата на 50-годишнината од своето работење.

Шефот на „Audi“ Руперт Штадлер  ја потврди оваа вест, но не го откри точниот датум за старт на производството. Некои извори велат дека можниот датум за почеток на производството е предвиден дури за 2017-та година.

„Lamborghini Urus“ ќе ја користи истата платформа како и „Audi Q7“ и „Porsche Cayenne“, а се очекува дека ќе го придвижува V12 мотор од 600KS.  Од производната лента планирано е да излегуваат околу 3000 примероци годишно, а неговата цена ќе биде поголема од 155.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП