Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 6,736.57 5.38%    BESK 11,970.93 5.66%    FERS 49,501.00 -1.33%    GRNT 792.81 3.17%    KMB 2,803.59 3.17%    MKSD 250.00 23.76%    MPT 29,891.18 1.48%    MTUR 4,000.00 0.25%    OHB 6,025.00 9.55%    OKTA 4,200.00 0%    PPIV 39,000.00 1.57%    RZIT 25.00 0%    RZLV 90.00 5.88%    RZUS 182.99 2.75%    SBT 1,822.00 2.94%    STB 889.92 0.02%    STIL 148.29 0.36%    TEL 250.00 0%    TETE 1,448.47 3.46%    TKVS 2,800.00 5.74%    TNB 12,759.93 6.25%    TPLF 1,737.36 -1.23%    TTK 799.80 0.02%    UNI 2,259.88 1.89%    VROS 14,000.00 514.04%    ZILU 158.00 2.6%    

Немате доволно време за сите задачи? Организирајте се на поинаков начин!

Време: 13:04

Датум: јули 12, 2017

Категорија: КАРИЕРА

Дали често ви се случува да се пожалите дека денот нема доволно часови за да си ги завршите обврските? Додека другите околу вас, во истиот рок завршуваат неколку работи повеќе, не дозволувајте вашето време да помине запрашувајќи се како тие го изведуваат тоа.

Почнете да ги согледувате и поправате своите грешки, а сето тоа ќе резултира со многу поголем слободен период за социјализација и забава. Одлуката како ќе го потрошите работното време е ваша, но сепак еве неколку работи кои треба да ги земете предвид за подобра организација на денот.

Не ги прифаќајте сите задачи само вие

Една од најчестите грешки, е да прифатите задача која првично не ви била доделена вам. Научете се да кажувате не, во спротивно ќе го носите товарот кој не ви припаѓа, а вашата задача ќе тапка во место.

Дознајте ги вашите обврски

Како би можеле добро да се организирате, ако воопшто и не сте свесни колку и какви задачи треба да завршите. Направете список на се што е побарано од вас и дополнете го со вашите лични обврски. Само на овој начин секогаш ќе знаете до каде е полна чашата.

Не дозволувајте мешање на приватниот со професионалниот живот

Обидете се чувствата од приватните работи да ги тргнете на страна. Секоја криза на персонален план доведува до дезорганизација и хаос на работното место, што се одразува на вашата ефикасност и концентрација. Тоа со сигурност нема да му се допадне на вашиот шеф.

Не се заседнувајте

Никој не вели дека секоја секунда од работното време треба да ви е перфектно испланирана и концентрирана само на работата. Но, во никој случај не си дозволувајте да се заборавите сурфајќи на интернет или муабетејќи со колегите.

Имајте приоритети

Дали ви се случило откако ќе ви заврши работното време да сфатите дека денеска не сте завршиле ништо важно? Без разлика колку сте брзи и ефикасни, не треба да мислите дека ќе успеете да завршите сѐ на време. Секогаш акцентот на денот ставајте го на најважните и приоритетни нешта.

Довршувајте ги работите

Недовршената задача претставува дупла работа. Секогаш кога ќе започнете се нешто, завршете го пред да поминете на наредното. Не се обидувајте паралелно да вршите неколку работи, бидејќи доколку мислите дека така ќе завршите побрзо, се лажете себеси. Резултатот никогаш не е позитивен, а навраќањето и потсетувањето на претходното ќе ви одземе многу повеќе време.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Успехoт на работа го гарантираат овие три особини

    Успехoт на работа го гарантираат овие три особини

    Ако сте меѓу овие типови на вработени, на добар пат сте да ги остварите вашите соништа. А ако не сте, што чекате? Решение за секој…

  • Поради овие причини вреди да дадете отказ

    Поради овие причини вреди да дадете отказ

    Во денешно време тешко се доаѓа до работа, па така оние кои имаат работа не се откажуваат од неа се додека не најдат нешто подобро.…

  • Работете ефикасно, а не напорно

    Работете ефикасно, а не напорно

    Ако мислите дека со тоа што канцеларијата ја сметате за „втор дом“ и постојано во буквална смисла прегорувате од работа ќе имате поголем успех, тоа…

  • Зголемете ја продуктивноста во текот на денот за само една минута

    Зголемете ја продуктивноста во текот на денот за само една минута

    За оние кои не се ранобудници, мислата да бидат вредни во текот на утрото делува одбивно. Но постои рутина од само една минута да го…

  • Еве неколку решениja доколку ја мразите својата работа

    Еве неколку решениja доколку ја мразите својата работа

    Секој кој работи доаѓа до момент кога повеќе не може понатаму. Едноставно сакате промена, а до нова работа не е лесно да се дојде, па…

  • Овие четири работи може да му наштетат на вашиот бизнис!

    Овие четири работи може да му наштетат на вашиот бизнис!

    Пред да се најдете во проблеми, добро е да знаете кои работи го уништуваат секој бизнис, без оглед на тоа во која земја или во…

  • Четири работи кои често забораваме да ги направиме кога одиме на одмор

    Четири работи кои често забораваме да ги направиме кога одиме на одмор

    Со нетрпение го чекаме летниот годишен одмор. По напорна работа во текот на годината, време е за заслужен летен одмор на море, за дружење со…

  • Врз здравјето на жените лошо влијае работата со премногу мажи

    Врз здравјето на жените лошо влијае работата со премногу мажи

    Жените кои работат на работно место во кое доминираат мажите се потценети, но новите истражувања од Универзитетот Индијана покажуваат дека жените кои се опкружени со…

  • Неколку начини да бидете забележани на работното место

    Неколку начини да бидете забележани на работното место

    Понекогаш не е доволно само да доаѓате на работа и да ги обавувате секојдневните задачи. Доколку сакате да преземете некои интересни проекти или се надевате…

  • Ослободете се од стресот со овие едноставни начини

    Ослободете се од стресот со овие едноставни начини

    Без разлика колку се трудите, некогаш е просто невозможно да се избегне стресна ситуација на работа или дома. Следете ги овие совети за брзо и…