23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонската берза со промет над 9,2 милиони денари

Македонската берза со промет над 9,2 милиони денари

Со дневен промет од над 9,2 милиони денари заврши вчерашниот ден на Македонската берза. Вкупно се истргува количина од 14.356 акции преку 115 трансакции.

Акцијата на Гранит АД Скопје со промет од 2.016.500 денари се најде на врвот. Зад неа на листата на “милионерите’” се запишаа и акциите на Македонски Телеком АД со промет од 1,25 милиони денари, Комерцијална банка со 1,2 милиони и Алкалоид со 1,1 милион денари.

Листата на добитници ја предводеше акцијата на ОКТА АД Скопје со пораст од 6,67 отсто. Втора на листата со раст од 5,96 отсто се рангираше акцијата на Макстил АД Скопје, па потоа со раст од 5,27 акцијата на Квасара АД.

На спротивната листа на губитници со пад од 25,65 отсто водач беше акцијата на Макошпед АД Скопје со истргувани десет акции по просечна цена од 171 денар преку една трансакција.

Индексот МБИ-10 имаше раст од 0,28 отсто и заврши на 2.291,60 индексни поени, додека пак индексот ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП