Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,998.40 -0.03%    GRNT 820.00 0.49%    KMB 3,323.14 -0.67%    MKSD 239.00 19.5%    MPT 29,500.00 0%    MTUR 4,199.00 -0.02%    OHB 5,050.00 0%    OKTA 3,700.00 2.78%    RMDEN16 94.80 0%    RZLV 53.00 -1.05%    RZUS 134.00 -0.56%    SBT 2,101.00 -1.82%    STB 940.57 0.06%    STIL 144.97 -0.02%    TEL 300.00 1.35%    TETE 2,170.00 2.79%    TPLF 1,627.92 4.65%    

Aston Martin го покажа „најлудиот“ модел (фото)

Време: 11:37

Датум: јули 12, 2017

Категорија: АВТОБИЗ

„Aston Martin“ објави повеќе фотографии и детали за претстојниот модел „Valkyrie“, развиен во соработка со „Red Bull Racing“. Хиперавтомобилот што треба да се појави на пазарот во 2019-та, ќе се движи од 6.5-литарски V12 од „Cosworth“ и хибриден систем од „Formula 1“.

Од новите кадри појасно се забележуваат драматичните црти на автомобилот, замислен да е максимално блиску во аеродинамика до тркачките болиди. Повеќето аеродинамични детали беа додадени по претставувањето на прототипот во Женева оваа пролет. Новина се пример големите отвори меѓу кокпитот и предните браници кои според инженерите значајно ја зголемуваат моќта на притискање.

Според шефот на надворешниот дизајн Мајлс Нјурнбергер ова на сликите е „околу 95%“ од конечниот изглед на возилото. Нјурнбергер прецизира дека главниот конструктор на „Red Bull“ Адријан Нуи постојано бара нови начини да се подобри уште повеќе аеродинамиката и силата на притискање.

За прв пат публиката може да ѕирне и во внатрешноста на „Valkyrie“. Седиштата се монтирани директно на шасијата од јаглероден композит, што значи дека патниците ќе седат многу ниско и со испружени нозе напред, токму како во болид.

Стандардните ремени се слични на тркачките. Табла е крајно минималистичка, само со две-три копчиња на централната конзола и централен екран на допир. Повеќето функции се управувани од копчињата поставени на воланот, кој може да се вади и е видливо инспириран од тркачките машини од Ле Ман. Врз него е и километража со брзинометарот. Двата екрани лево и десно се поврзани со надворешни камери и практично ги заменуваат страничните ретровизори. Задното стакло го нема.

„Aston Martin“ ќе произведе само 150 примероци од суперавтомобилот, по цена од 2 милиони фунти секој (2.24 милиони евра). Сите тие веќе се распродадени.

Уште не се јасни техничките податоци на автомобилот, но судејќи по ветувањата на „Aston Martin“ за 1: 1 сооднос тежина-енергија, тој најверојатно ќе има околу 900 коњски сили при тежина од 900 кг. Тоа ќе му овозможи да забрзува од 0 до 100 км/ч за само малку повеќе од 2 секунди.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Ова е луксузната верзија на Skoda Kodiaq (фото)

    Ова е луксузната верзија на Skoda Kodiaq (фото)

    Чешката автомобилска компанија откри детали за луксузната верзија на нејзиниот кросовер „Skoda Kodiaq“. Таа ќе се нарекува „Laurin & Klement“, во чест на основачите на…

  • Лани во Македонија загинале 155 лица во сообраќајни несреќи

    Лани во Македонија загинале 155 лица во сообраќајни несреќи

    Минатата година 155 луѓе го загубиле животот во сообраќајни незгоди по патиштата низ земјата. Од нив 150 лица загинале во 3.918 сообраќајки предизвикани од грешка…

  • Audi планира SUV кабриолет?

    Audi планира SUV кабриолет?

    Германскиот производител „Audi“ изгледа има во план да изработи „SUV“ автомобил во кабриолет верзија. Списанието „Autoguide“ објави скици од патентот на „Audi“ на кои се…

  • Kia Ceed – веќе официјално (фото+видео)

    Kia Ceed – веќе официјално (фото+видео)

    Корејската компанија „Kia“ ги објави официјалните фотографии од новата генерација на „Ceed“ – хечбекот има нов дизајн, а исчезна и апострофот кој стоеше пред последната…

  • Новиот Dacia Duster – Автомобил на годината за 2018!

    Новиот Dacia Duster – Автомобил на годината за 2018!

    Националното жири при изборот ‘Автомобил на годината во Македонија’ одлучи да оваа 2018 година титулата ја додели на комплетно новиот Dacia DUSTER. Националното Жири се…

  • Italdesign ќе пушти кабриолет за 1,5 милиони евра

    Italdesign ќе пушти кабриолет за 1,5 милиони евра

    Дизајнерската работилница „Italdesign“ делумно го покажа својот нов модел – кабриолет верзијата на суперавтомобилот „Zerouno“. Премиерата на возилото ќе биде во Женевскиот саем во март.…

  • Новиот Audi A7 Sportback – Динамика во најубава форма(фото)

    Новиот Audi A7 Sportback – Динамика во најубава форма(фото)

    Новиот Audi A7 Sportback претставува нов стил на Гран Турер кој нуди систематска дигитализација, динамично возење и просторен концепт. Големото купе со четири врати е…

  • Електричната Opel Corsa ќе биде подготвена во 2020-та

    Електричната Opel Corsa ќе биде подготвена во 2020-та

    Следната генерација на компактната „Opel Corsa“ ќе има целосно електрична верзија. Ова е објавено од страна на прес-службата на германскиот производител. Новата „Corsa“, која се…

  • BMW X4 зa 2019-та (фото+видео)

    BMW X4 зa 2019-та (фото+видео)

    Компанијата „BMW“ официјално ја претстави втората генерација на кросоверот „X4“. Премиерата на моделот пред публика ќе се одржи за време на автомобилскиот саем во Женева…

  • Најлуксузното од Mercedes: Новиот Maybach S Сlasѕ (фото)

    Најлуксузното од Mercedes: Новиот Maybach S Сlasѕ (фото)

    Германскиот производител ја подобри својата најлуксузна лимузина за 2018-та година, а забележителната промена се гледа од профил, со оглед дека сега автомобилот е подолг за…